Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија објавува повик за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2015 година. Номинирајте го Вашиот омилен наставник, професор или колега кој користи и создава отворени образовни ресурси во наставата!
Процесот на пријавување трае до 10 јануари 2016. Номинирањето на наставници и професори е онлајн, преку пополнување на следниот формулар.
Кој било може да предложи наставник или професор. Освен основните податоци, при номинирање на кандидатот потребно е да внесе линк до ресурсите на предложениот кандидат.
Откако ќе бидат доставени сите номинации до наведениот рок, истите во рок од 5 дена ќе бидат објавени на веб-сајтот www.oer.mk. Гласањето ќе биде онлајн, а ќе трае до 31 јануари 2016.
Наставникот и професорот што ќе добијат најмногу гласови ќе бидат прогласени за Нај ООР наставник и Нај ООР професор, а нивните ресурси ќе бидат промовирани преку страницата на Фејсбук на ООР во текот на февруари и ќе добијат и учество на втората едуконференција за наставници во април 2016.
За сите прашања поврзани со повикот за избор на Нај ООР наставник и Нај ООР професор Ви стоиме на располагање на имејл: contact@oer.mk.