Одржана презентација на Анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси

^4D8C791881A7CAD7136C844AD473586E4C35883CC1209E8DFF^pimgpsh_fullsize_distrНа 26.01.2016 година, со почеток во 11.00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје, се одржа презентација на Анализата на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси. [Read more…]

Гласањето е отворено!

^15CBB72CFC35885FBA01A40A9C12EBCA3525CEFA7DD940C171^pimgpsh_fullsize_distr

Aнализа на законската рамка за образование и на можностите за вклучување на отворените образовни ресурси

Snap1Оваа анализа е мотивирана од неколкугодишната работа на полето на отворени образовни ресурси и препораките добиени од работната група за отворени образовни ресурси составена од членовите на Алијансата за ООР. Анализата го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони. [Read more…]

Презентација: Анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси

Snap1На 26.01.2016  година (вторник), со почеток во 11.00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски – Скопје, ќе се одржи едночасовна презентација на Анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси.

Ве молиме да го регистрирате вашето присуство на настанот преку пополнување на формуларот за регистрација најдоцна до 10.00 часот, 25.01.2016 година. [Read more…]

Нашата прва библиотека – збирка на 20 сликовници за деца

Snap1Во септември оваа година, проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ја промовираше „Нашата прва библиотека“ – збирка од 20 наслови сликовници за деца. Оваа збирка сликовници во печатена форма е дистрибуирана до сите училишта, а сликовниците се прилагодени и во аудио-дигитална форма и се  достапни во дигиталната библиотека на македонски и албански јазик. Текстот и илустрациите се изработени од автори од повеќе од 30 земји, а во сликовниците се обработуваат најразлични теми релевантни за децата, како што се пријатели и другарство, родители и семејство, чувства, наука, лица со посебни потреби/ маргинализирани групи, различни земји и култури итн. [Read more…]