Алијансата за ООР ве поканува да го дадете вашиот придонес на отворена консултација по повод Нацрт анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси. Оваа консултација трае до 1 ноември, а вашите коментари во врска со оваа нацрт анализа може да ги доставите преку пополнување на следниот формулар.
Нацрт анализата на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси можете да ја погледнете на овој линк.
Оваа анализа е мотивирана од неколкугодишната работа на полето на отворени образовни ресурси и препораките добиени од работната група за отворени образовни ресурси составена од членовите на Алијансата за ООР. Анализата го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони.