Од идната учебна година учениците од средните стручни училишта ќе добијат стипендии до 3.500 денари

Министерството за образование и наука (МОН) за наредната учебна година обезбеди фонд од околу 60 милиони денари за 2.200 стипендии за ученици од прва година во средните стручни училишта. Со овој фонд, предвидено е 1.500 ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование, во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината.

[Read more…]

Лувр ја постави целата своја уметничка колекција онлајн

Лувр, најпосетуваниот музеј во светот, им овозможи на љубителите на уметноста онлајн да „ѕирнат“ во неговата колекција.Францускиот музеј сподели онлајн платформа со сите уметнички дела што се внатре, односно повеќе од 480 000 експонати. [Read more…]

Отворени образовни ресурси на босански, турски, и српски јазик

Почитувани,

Многупати обработувана тема на нашите средби, обуки, вебинари и во рамки на проектните активности и надвор од нив – претставува недостигот на отворените образовни ресурси за јазиците на помалите етнички заедници во нашата земја.

За да придонесеме во надминување на овој проблем, сите материјали кои ги користиме во рамки на вебинарите ги преведовме од македонски јазик, на три од јазиците на помалите етнички заедници во земјава – српски, турски и босански јазик. Како отворени образовни ресурси, истите се достапни за било кој заинтересиран на www.oer.mk/resources/. Воедно, се надеваме нашиот скромен придонес кон збогатување на фондот на образовни ресурси на овие јазици ќе ве инспирира вас, директните учесници во образовниот процес, да создавате и ваши отворени образовни ресурси, на сите јазици на наставата.

За сите поддржувачи на отвореното образование и отворените образовни ресурси, ви благодариме на трудот, и остануваме посветени на отвореното образование, за сите граѓани подеднакво.

Конкурс за престој во јавните ученички домови

Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година.Оттаму посочуваат дека според Протоколот за работа во услови на справување со вирусот Ковид -19, во една соба ќе се сместуваат 50% ученици од вкупниот капацитет на собата и право на сместување ќе имаат само учениците кои имаат настава со физичко присуство или комбинирана настава. [Read more…]

Дигитални вештини за успешна онлајн настава – вебинар

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Дигитални вештини за успешна онлајн настава, со почеток во 15:30 часот, на 25 март (четврток), 2021 година.

[Read more…]