Едукативна плејлиста – вебинари отворени образовни ресурси за учебна 2020/2021

Проектот Отворени образовни ресурси (ООР), чиј реализатор е Фондацијата Метаморфозис, спроведе серија од онлајн обуки (вебинари) во текот на изминатата учебна година. Снимките од вебинарите се организирани во плејлиста, достапни за гледање преку нашата Facebook страница, на https://www.facebook.com/oermacedonia, и ве покануваме истите да ги погледнете!

Темите на кои се дискутираше за време на обуките произлегоа од потребите на наставниот кадар, стручни служби, училишниот менаџмент и родители/старатели на ученици кои следат онлајн настава. Дополнително, за дел од вебинарите имаше гостување на експертите од различни полиња на експертиза, чии предавања беа во линија на изнесените потреби и предизвици со кои се соочуваше образовниот процес, а кои беа поврзани со наставата на далечина.

Се надеваме дека вебинарите допринесоа за подобро разбирање на дел од темите кои се обработуваа во изминатата учебна година, и дека ќе бидат од корист за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повеќе, а со крајна цел побезбедна, поефективна и поквалитетна настава за сите ученици во нашата земја.

Обуките беа овозможени со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија во рамки на проектот Отворени образовни ресурси.