Лекции на босански, турски и српски јазик: да создаваме отворени образовни ресурси!

Во рамки на проектот Отворени образовни ресурси во текот на изминатата учебна 2020/2021 се одржа серија вебинари кои беа одлично посетени од страна на наставниот кадар од нашата земја.

Учесниците кои навремено се регистрираа за вебинарите имаа прилика да ги проследат содржините во живо, и можност да поставуваат прашања кон обучувачите, меѓутоа и самите снимки од вебинарите се достапни на нашата фејсбук страница, и може да се погледнат во секое време.

Покрај ова, како што беше и најавено во самите обуки, сите материјали кои се користеа за време на вебинарите се и тие самите – отворени образовни ресурси! Ова значи дека, без оглед на тоа дали сте присуствувале на некој вебинар или не, самите презентации можете слободно да ги преземете од нашата веб страница, и понатаму да ги користиме за образовни цели, единствено со почитување на Криејтив Комонс лиценцата – наведи автор.

Дополнително, сите отворени образовни ресурси кои ги користевме во изминатата учебна година, ги преведовме на турски, босански и српски јазик – тие лесно можете да ги пронајдете во делот „Ресурси“ и со одбирање на филтерот „Други јазици“ и кликнување на „Барај“, по што ќе се излистаат сите ресурси кои се во таа категорија. (прикажано на погорниот gif)

Тимот на ООР ви благодари на сите кои учествувавте во нашите активности, како и на сите кои создадоа свои отворени образовни ресурси, и ја збогатија колекцијата на квалитетни образовни материјали, вклучително и на јазиците на помалите заедници.