На 01 и 02 ноември во просториите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) беа oдржани 2 презентации за отворени образовни ресурси (ООР). На 01 ноември беше одржана презентација пред работниот кадар на институтот, додека наредниот ден во презентациските активности беа вклучени постдимпломците и докторантите на оваа научно-образовна институција.
Присутните научни работнници, постдипломци и докторанти беа запознаени поблиску со ООР, како тие функционираат и како се користат во другите земји, како и за придобивките од нивниот развој и проширена употреба. Присутните ги споделија своите искуства со користењето на слободни ресурси и ги посочија проблематичните области. Темите за авторските права и како тие се регулирани во рамките на ООР, начините на дистрибуција и фер користење на образовните материјали, беа само некои од дискутираните прашања, додека темата за онлајн издаваштвото и можностите за негов развој во Македонија беше дискутирана најопсежно. Можностите кои ООР ги нудат на планот на слободното издаваштво беа особено нагласени и потврдени како извонредна можност за развој на образованието во 21 век.