Од 5 до 12 март глобално се обележува „Неделата на отвореното образование“ (Open education Week). Во неа се вклучени редица едукативни и промотивни настани ширум светот, како и онлајн акции, вебинари и повици за подобро инфомирање и придонесување кон отвореното образование. Целта на отвореното образование, и на неделата во кое тоа се обележува, е да се зголеми свеста и информираноста за движењето за отворено образование и какво е неговото влијание на учењето и образованието во целиот свет.
Отвореното образование ги промовира вредностите на вклученост на сите оние кои сакаат да усвојуваат знаење кое им треба и за кое се заинтересирани, олеснување на достапот до образовни материјали и средства, како и поврзување и соработка на сите оние кои своите животи и кариери ги посветиле на образованието и истражувањето.
Во сè повеќе поврзаниот свет сè уште опстојуваат редица пречки кои го ограничуваат развојот на образованието врз кое е заснован просперитетот, така што подобрата информираност и соработка на одговорните во голема мера ќе влијае на нивното надминување.