Близу 600 професионалци и 20 организации во нашата држава ги поддржуваат концептите на отворенo, квалитетно образование за сите. Меѓу нив, наставници, наставнички, професори, медиуми, новинари, едукатори, невладини организации, итн. Тоа што е заедничко за сите нив е што тие се потписници, и ја поддржуваат, Декларацијата за ООР на Македонија.
Декларацијата за Отворени образовни ресурси на Македонија се заснова на Париската декларација за Отворени образовни ресурси донесена од УНЕСКО на „Светскиот конгрес за Отворени образовни ресурси“ во 2012 година.
Целосниот текст на декларацијата можете да го прочитате на македонски, албански, и англиски јазик.
Доколку сакате да станете дел од стотиците потписниците на Декларацијата, кликнете на овој линк , или пак упатете се на подсекцијата „Декларација“ на нашата веб страница. Самото потпишување е со помош на веб-апликација, и е целосно дигитално.
Прифаќањето на Декларацијата претставува чекор напред кон унапредување и промовирање на концептот за отворено образование со цел подигање на квалитетот на целиот образовен систем во нашата земја.