Декларација за Отворени образовни ресурси во Македонија


Алијанса за отворени образовни ресурси дава поддршка за развојот на Отворени образовни ресурси

(ООР) во Македонија, врз основа на принципите на Париската декларација за Отворени

образовни ресурси 2012 донесена од УНЕСКО на „Светскиот конгрес за Отворени образовни

ресурси“ во 2012 година. Поддршката значи согласност секогаш кога е можно да се почитуваат

и применуваат препораките донесени на Конгресот со цел да се обезбеди отворено

образование достапно за сите. Поддржувачите на Декларацијата за ООР на Македонија

се заложуваат:


- Да ја поттикнуваат свеста за ООР и нивната употреба. Да ги промовираат и користат

ООР за да се прошири пристапот до образованието на сите нивоа, како на формално,

така и на неформално ниво. Во поглед на доживотно учење, да се придонесува за

општествена вклученост, полова еднаквост и образование за лицата со посебни

потреби. Да се подобрува економичноста и квалитетот на наставата и резултатите од

учењето преку поголема употреба на ООР.


- Да го зајакнат развојот на стратегии и политики за ООР. Да го унапредат развојот на

конкретни политики за производство и употреба на ООР во рамките на пошироките

стратегии за унапредување на образованието.


- Да го промовираат разбирањето и употребата на рамките за отворено лиценцирање.

Да ја олеснат повторната употреба, измената, комбинирањето и редистрибуцијата на

образовни материјали низ целиот свет преку отворено лиценцирање кое се однесува

на голем број рамки што овозможуваат различни видови употреба, истовремено

целосно почитувајќи ги авторските права на сопствениците на содржините.


- Да ја поддржат изградбата на капацитетите за одржлив развој на квалитетни

материјали за учење. Да ги поддржат институциите во обучувањето и образувањето

на наставниците и останатиот кадар со цел создавање и споделување

висококвалитетни и пристапни образовни ресурси, земајќи ги предвид локалните

потреби и разновидноста на учениците и оние кои сакаат да учат. Да го промовираат

обезбедувањето на квалитетот и рецензирањето на ООР како начин за нивно

подобрување. Да го поттикнуваат развојот на механизми и пракси за оцена и

потврдување на резултатите од учењето постигнато преку ООР.


- Да поттикнуваат стратешки партнерства за ООР. Да ја искористат технологијата која

еволуира за создавање можности за споделување материјали кои се објавени под

отворена лиценца во различни медиуми и да обезбедуваат одржливост преку нови

стратешки партнерства во и меѓу секторите како што се образование, индустрија,

библиотеки, медиуми и телекомуникации.


- Да го поттикнат развојот и прилагодувањето на ООР на различни јазици и во

разновидни културни контексти. Да го поддржат создавањето и употребата на ООР на

локалните јазици и во различни културни контексти, за да се обезбеди нивната

релевантност и пристапност.


- Да поттикнуваат истражувања за ООР. Да поттикнуваат истражувања за развој,

употреба, процена и соодветна употреба на ООР во различни услови, како и

истражувања за можностите и предизвиците кои тие ги носат, но и за нивното

влијание врз квалитетот и економичноста на предавањето и учењето со цел да се

зајакне разбирањето за потребата од државни инвестиции во ООР.


- Да го олеснат пронаоѓањето, добивањето и споделувањето на ООР. Да го поттикнат

развојот на алатки кои се лесни за употреба, а служат за лоцирање и добивање

конкретни ООР кои се релевантни за одредени потреби. Да усвојат соодветни

отворени стандарди за да се обезбеди кофункционалност и да се олесни користењето

на ООР во различни медиуми.


- Да го поттикнат отвореното лиценцирање на образовни материјали произведени со

помош на државни пари. Владите/надлежните органи може да создаваат значителни

придобивки за нивните граѓани со тоа што ќе обезбедат дека образовните материјали

создадени со јавни средства ќе бидат ставени на располагање под отворени лиценци

(со онакви ограничувања какви што тие сметаат дека се потребни), со цел да се

зголеми влијанието на инвестицијата.


Скопје, 25.10.2013


Алијанса за отворени образовни ресурси