Квалитетно онлајн образование со користење на Отворени образовни ресурси

Тимот на Отворени Образовни Ресурси во рамки на Фондацијата Метаморфозис од Скопје ги повикува сите наставнички, наставници, целиот наставен кадар, и стручните служби во училиштата на заедничка солидарност и акција. Квалитетното образование за сите ученици не смее да биде запоставено и во околностите во кои се наоѓаме денес. Преку користење, но и споделување на нашите образовни ресурси (лекции, вежби, презентации, итн.), се осигуруваме дека сите ученици добиваат слободно, бесплатно, но и квалитетно образование – без оглед на нивното место на живеење, социјален статус, или јазикот на наставата.

Во таа насока, веб страницата на Отворени образовни ресурси ќе остане слободна и бесплатна за користење, и ќе служи како локација каде наставниците и наставничките можат да отворат свој профил, прегледаат и превземат ресурси, но и да прикачат свои, соодветни лиценцирани, односно, отворени и бесплатни за користење во настава.

изворна фотографија на Plush Design Studio, @plushdesignstudio

Фондацијата Метаморфозис останува на располагање за било какви прашања, технички предизвици, или повеќе информации во врска со активностите поврзани со ООР, на info@metamorphosis.org.mk , како и преку контакт-формата достапна на овој линк.