По повод Недела на отворено образование 2015, која се одржува во периодот 9 – 15 март 2015 година, го споделуваме овој видео запис направен од Алијансата за отворени образовни ресурси, во кој наставници и ученици одговараат на прашањето: Зошто се важни отворените образовни ресурси? [Read more…]
Archives for март 2015
Време е за искористување на потенцијалот на отвореното образование
Образованието е основна алатка за индивидуалците и општествата во кои тие живеат за да ги адресираат предизвиците на сегашноста и да ги искористат можностите на иднината. Високото образование сега е алатка која придвижува индустрии базирани на знаење. [Read more…]
Најава: Недела на отворено образование 2015
Оваа година Неделата на отворено образование ќе се одржи во периодот 9 – 15 март. Прочитајте повеќе за Неделата на отворено образование во овој напис.
Отворено образование
Отвореното образование во својата основа се темели на слободно и отворено споделување. Слободно, без трошоци, и отворено, со употреба на правни алатки (слободни лиценци) кои дозволуваат секој да ги реупотребува и модификува образовните ресурси. Слободното и отворено споделување го зголемува пристапот до образование и знаење за сите, секаде, во секое време, им дозволува на луѓето да прават измени на материјалите или да ги комбинираат ресурсите за да создадат нешто ново.