Како резултат на растечките трошоци за учебници и распространувањето на отворените образовни ресурси (ООР), Универзитетот Едвардсвил во Јужен Илиноис спроведува пилот програма со цел да се процени можноста за користење на ООР како бесплатна алтернатива или алтернатива со ниски трошоци за разлика од традиционалните учебници.
Единаесет членови на факултетот од различни дисциплини работеа со Услугите за информатичка технологија (Information Technology Services) и Услугите за библиотекарски информации (Library Information Services) за време на летото за да се идентификуваат или создадат ООР кои ќе се користат во избрани курсеви кои ќе бидат понудени за време на тековниот есенски семестар.
Наместо традиционалните учебници, факултетот и студентите кои учествуваат во пилот програмата се потпираат примарно на други електронски ресурси, повеќето од нив слободно достапни во јавниот домен. Избраните курсеви ќе користат ООР наместо стандардните учебници, со помош на мини iPad.
Студентите на Универзитетот Едвардсвил во Јужен Илиноис имаа придобивки од програмата за изнајмување на учебници на универзитетот, со што нивните трошоци беа релативно ниски. Трошоците за учебници континуирано се зголемуваат, при што годишната просечна рата за учебник изнесува речиси 1.200 долари по студент.
Во сподерба, студентите на Универзитетот Едвардсвил во Јужен Илиноис во просек плаќаат 165 долари по семестар за курс од 15 кредити. Универзитетот успева да ги одржува трошоците поволни со амортизирање на трошоците во неколку насоки со реупотребата на учебниците.
„Иднината на пазарот на учебници и нашата програма изгледаат сосема различно откако издавачите почнаа да преминуваат кон дигитална содржина“, вели Џозеф Пирсон, директор на Универзитетскиот центар Морис. „Како што издавачите воведуваат дигитална содржина, тие наплатуваат по корисник, по место, по семестар, што значително ги зголемува трошоците за овие материјали за курсевите“.
„Иако секогаш е тешко да се предвиди иднината, неодамнешните трендови ја поддржуваат идејата дека повеќето материјали за курсевите ќе преминат во дигитална содржина во текот на следните неколку години“, вели Метју Шмитз, помошник директор на Онлајн и мешано образование при одделот за Услуги за информатички технологии при Универзитетот Едвардсвил во Јужен Илиноис. „Додека оваа промена многу сигурно би била поскапа, транзицијата кон дигитална содржина исто така нуди можности за обезбедување пристап до поширок спектар на активности за учење, ресурси и содржина отколку што нудат традиционалните учебници“.
Промените во технологијата му овозможуваат на факултетот пристап и способност да создава и објавува сам висококвалитетни отворени образовни ресурси.
Сорин Настасиа, асистент професор за односи со јавноста во Департманот за применети комуникациски студии во рамките на Колеџот за уметност и наука при Универзитетот Едвардсвил, учествува во пилот програмата. Курсот „Примена на технологија во односите со јавноста (ACS 315)” вклучува 31 студент. Студентите учат за пакетот Adobe CS6 со кои се насочуваат кон правење логоа, бизнис картички, билтени, брошури и веб-сајтови.
„ACS 315 се снаоѓа одлично со овој пристап“, вели Настасиа. „Користењето на отворени образовни ресурси наместо традиционални учебници и материјали им овозможува на студентите да разберат и да постанат стручни во технолошките апликации. Тие треба да проследат туторијали и да видат примери за можните резултати“.
Од распоредот на нивните предавања, студентите имаат директен пристап до туторијали и примери за специфична недела, тема и проект. Тие се водени низ сите ООР за одреден курс пред да дојдат на предавање. Исто така имаат апликации на нивните iPad-ови кои може да им помогнат со нивните проекти.
„За практичен курс како ACS 315, сите овие ресурси се од голема помош за факултетот како алатки за предавање и алатки за учење на студентите“, додава Настасиа. „Тие се поажурирани од традиционалните учебници и дозволуваат зголемена динамика на предавањата. Дефинитивно гледам како овој тренд на користење на ООР продолжува успешно за некои курсеви во иднина“.
За време на есенскиот семестар, студентите од пилот програмата ќе бидат анкетирани во неколку интервали со цел да се утврди ефикасноста на ООР избрани за нивниот курс. Понатаму, претставниците од универзитетот ќе работат со членовите на факултетот со цел да лоцираат ООР за дополнителни теми кои може да се појават како резултат на активностите на курсот или дискусиите.
Како заклучок на пилот програмата, сите членови на факултетот и студентите ќе бидат анкетирани. Прибраните податоци ќе бидат употребени за да се идентификуваат силните страни и слабостите, успесите и недостатоците, и ќе бидат презентирани на универзитетската администрација. Овој извештај ќе ја одреди иднината на ООР иницијативите во Универзитетот Едвардсвил во Јужен Илиноис.
Извор: www.theintelligencer.com