Поминаа повеќе од 15 години откако првите слободно лиценцирани образовни материјали беа објавени, а големите издавачи се уште немаат издадено учебник базиран на претходен отворен образовен ресурс (ООР). Зошто?
Ексклузивност, издаваштво и ООР
Основната причина е тоа што издавачите се—многу рационално—посветени на бизнис моделите кои ги направија неверојатно успешни бизниси. А во јадрото на тој модел е ексклузивноста—договореното право да се биде единствениот ентитет кој може да ја понуди хартиената или дигитална манифестација на експертизата на темата X на професор Y.
Ексклузивитетот е основниот темел на издавачката индустрија, и ниеден издавач нема никогаш значајно да инвестира во градење на репутацијата и брендот на некое дело кое е со слободна лиценца. Издавачот B едноставно ќе си седи настрана додека Издавачот A го троши неговиот маркетинг буџет убедувајќи го светот дека неговата верзија на отворените материјали на професорот Y се најдобри во полето. Штом брендот на професорот Y е силно асоциран со висок квалитет, Издавачот B ќе пушти негова верзија на отворените материјали на професорот Y, потпирајќи се бесплатно на маркетинг трошокот на издавачот A. Маркетинг напорите на Издавачот A на крајот всушност ќе го промовираат компететивниот производ на Издавачот B на многу реален начин.
Не, издавачите никогаш нема да стават ООР во јадрото на нивната понуда, бидејќи отворените лиценци—гарантирана не-ексклузивност—е антитезата на нивниот целосен индустриски модел. Мало поигрување на пазарот на дополнителни ресурси е најблиското нешто до кое големите издавачи некогаш ќе дојдат во врска со ООР.
Нови модели овозможени од ООР
Сепак, сведоци сме на порастот на нов вид на организации, кое не се ниту инвестирани во зачувување на постојните бизнис модели ниту под товар на големото создавање на содржина, дистрибуција и продажна инфраструктура која голем комерцијален издавач мора да ја има. (Оваа крупна инфраструктура, која некогаш претставуваше непремостлива бариера за влез, многу брзо станува камен околу вратот на големите издавачи кои се соочуваат со заканата на ООР.)
Новиот вид на организација е само пресреќна да ја превземе улогата на ИБМ или Red Hat и да ги овозможи сите потребни услуги за да направи ООР да станат остварлива алтернатива на комерцијалната понуда.
Со сето погоре кажано, појавувањето на овие организации нема да претставува крај на големите издавачи на учебници (онака како што ги знаеме).
Резултати од учењето
Ниту еден едукатор нема никогаш да направи свесен избор кој ќе наштети на учењето на студентите со цел зачувување на пари. Но, што ако можете да им заштедите значајни суми пари на студентите, без да им направите било каква академска штета? Понатаму, што ако можете да им заштедите значајна сума на пари и да ги подобрите нивните резултати? Истражувањата за ООР покажуваат, повторно и повторно, дека второто сценарио е многу возможно. Еден краток пример ќе ја демонстрира поентата.
Скорешна статија објавена во Educause Review ја опишува промената во Мерси Колеџот, од популарен учебник по математика и онлајн систем за пракса снабден од голем издавач (~$180 од студент), на ООР и слободен онлајн систем за вежбање. Еве некои од резултатите кои тие ги објавија по завршувањето на успешен пилот-семестар со користење на ООР во 6 делови на основна математика:
- На крајот на пилот-семестарот, претседателот на одделот за математика на Мерси изјави дека, почнувајќи во есен 2012, сите 27 делови (695 студенти) со основна математика ќе користат [ООР].
- Помеѓу пролетта 2011 [кога во ниту еден дел не се користеа ООР] и есента 2012 [сите делови користеа ООР], процентот на положувања по математика се смени од 48.40 проценти до 68.90 проценти.
- Курсевите по алгебра ги напуштија нивните претходно користени лиценци и скапи учебници по математика и ресурси, заштедувајќи им на студентите вкупно $125.000 во првата година.
Со заменувањето на сите делови на основна математика со ООР, Мерси колеџот заштеди за своите студенти $125.000 во една година и го промени нивниот степен на положување од 48 на 69 проценти.
Ако направиме пресметка кои се паричните придобивки:
- Популарна комерцијална понуда: 48.4% положување на ученици / $180 трошок за учебник и онлајн систем по ученик= 0.27%
- ООР понуда: 68.9% положување на ученици / $5 трошок за учебник и онлајн систем по ученик = 13.78%
Оваа основна пресметка покажува дека, во основниот математички пример на Мерси, користењето на ООР доведе до преку 50 пати зголемување (т.e., 5000% подобрување) во процентите на положување по долар. Без разлика од која страна го гледате, тоа е радикално подобрување.
Целиот текст прочитајте го на: http://opencontent.org/blog/archives/3462