Според веб-сајтот www.webometrics.info, постојат повеќе од 17.000 универзитети, но стекнувањето диплома од некои од нив е навистина скапо. Многу студенти ширум светот (и нивните фамилии) влегуваат во долгови или мораат да работат повеќе од 60 часа неделно со цел да си дозволат образование.
Две третини од студентите на колеџите во САД кои дипломираа во 2011 година имаа студентски долг, во просек од 27.000 американски долари по личност. Пред повеќе од 30 години, Исак Асимов рече:
Со масовното образование, се покажа дека повеќето луѓе може да научат да читаат и пишуваат. На ист начин, штом имаме компјутер во секој дом, секој од нив поврзан со огромни библиотеки, каде може да го поставите секое прашање и да добидете одговори, може да побарате нешто што ве интересира да го знаете, колку и да изгледа тоа смешно за некој друг.
Исак Асимов почина во 1992 година, но доколку би можел да ги види можностите кои интернетот ги овозможи во 21 век, веројатно ќе се насмевне од уво до уво. Стекнувањето универзитетска диплома можеби е скапо, но постојат многу подобри можности. Постојат многу веб-сајтови кои нудат бесплатни материјали за учење. Сега дури и најсиромашните луѓе може да си дозволат да бидат подобро едуцирани од многу дипломци на Харвард, а се што им треба е пристап до компјутер (дури не мора да е личен, може да биде во некоја локална библиотека која нуди јавна употреба).
Еве една одлична листа со повеќе од 40 образовни веб-сајтови:
- ALISON – Повеќе од 60 милиони лекции и забележани повеќе од 1.2 милиони уникатни посетители месечно.
- COURSERA – Едукативен веб-сајт кој соработува со универзитетите за да овозможи поставување на нивните курсеви на интернет, бесплатно за ваша употреба. Учете од повеќе од 542 курсеви.
- Универзитетот на Редит – Бесплатен универзитет на Редит.
- UDACITY – Унапредете го вашето образование и кариера преку онлајн часови базирани на проект, главно фокусирани околу компјутери, наука за податоци и математика.
- MIT Open CourseWare – Бесплатен пристап до бројни курсеви на МИТ (Институтот за технологија во Масачусетс) на ниво на она што би го очекувале од МИТ.
- Open Culture – Компилација од бесплатни ресурси за учење, вклучително курсеви, учебници и видеа/филмови.
- No Excuse List – Голема листа на веб-сајтови за учење.
- Open YALE Courses – Овој веб-сајт овозможува бесплатен и отворен пристап до избрани воведни курсеви подучувани од реномирани наставници и научници на Универзитетот Јејл. Сите предавања се снимени во училниците на колеџот Јејл и се достапни во видео, аудио и текст транскрипти. Не е потребна регистрација.
- Khan Academy – Погледнете илјадници микро предавања на теми кои варираат од историја до медицина, хемија и компјутерски науки.
- Zooniverse – Вклучете се во огромен број на интересни студии за природата, науката и културата.
- TUFTS Open CourseWare – Овој веб-сајт е дел од ново едукативно движење иницирано од МИТ кое овозможува бесплатен пристап до содржини од курсеви достапни за сите онлајн.
- How Stuff Works? – Повеќе научни лекции и објаснувања кои може да ги разгледувате во текот на целата година.
- Harvard Medical School Open Courseware – Мисијата на овој веб-сајт е да се размени знаењето на заедницата на научници од Харвард со други академски институции, идни студенти и генералната јавност.
- VideoLectures.NET – насловот кажува се – неверојатни видео предавања на многу теми.
- TED – Мотивациски и образовни предавања од професионалци ширум светот.
- Shodor – Непрофитна истражувачка и едукативна организација посветена на напредокот на науката и математичката едукација, конкретно преку употреба на моделирање и технологии за симулација. На овој веб-сајт се достапни ресурси со инструкции, софтвер, интерактивни предавања, истражувања и информации за работилници за студенти, наставници и оние кои сакаат да научат за математика и наука, од сите возрасти.
- Udemy FREE Courses – Стотици експерти предаваат на Udemy секој месец, вклучително најпродаваните автори на Њујорк Тајмс, извршни директори, врвни професионалци и славни инструктори. Курсевите вклучуваат видео, предавања во живо и алатки кои им помагаат на наставниците да имаат интеракција со нивните студенти и да го следат нивниот напредок. Тука ќе најдете многу бесплатни курсеви за бизнис, право, програмирање, дизајн, математика, наука, фотографија, јога и друго.
- Maths & Science – Курсеви, тестови и материјали за учење математика и наука за ученици од 1 до 12 одделение.
- edX.org – Бесплатни курсеви дизајнирани конкретно за интерактивно учење преку веб, овозможени од МИТ, Харвард, Баркли, Џорџтаун, Бостонски Универзитет, Универзитетот во Вашингтнон, Институтот Каролинска, Универзитетот Кјото и други.
- iTunes U – Бесплатна апликација на Apple која им овозможува на студентите мобилен пристап до многу курсеви. Нуди бесплатни видео курсеви, книги, презентации и аудио предавања.
- Liberty Classroom – Поседуван од најпродаваниот автор Том Вудс. Нуди бесплатни предавања по историја и економија, но по цена од еден кино билет, месечно може да стекнете пристап до многу корисни информации. Не е целосно бесплатен, но вреди.
- Drawspace – Стотици бесплатни лекции за цртање.
- Codeacademy – Лесен начин да научите кодирање. Интерактивно, забавно и може да го користите со вашите пријатели.
- Duke U – Нуди мноштво бесплатни курсеви на iTunesU.
- Scitable – Бесплатна научна библиотека и алатка за персонално учење која моментално се концентрира на генетика, студија за еволуцијата, варијација и комплексноста на живите организми.
- My own business – Нуди бесплатни онлајн курсеви за бизнис администрација кои би биле корисни за нови менаџери или за секој кој е заинтересиран за отпочнување на бизнис.
- Бесплатни курсеви на Универзитетот Кutztown – Центарот за развој на мали бизниси при Универзитетот Kutztown во Пенсилванија нуди повеќе од 80 бесплатни онлајн бизнис курсеви. Овие курсеви се индивидуализирани и прилагодени.
- Open Learn – Ви дава бесплатен пристап до материјалите на Open University.
- Free Computer Books – Бесплатни компјутерски, математички, технички предавања и книги.
- Academic Earth – Бесплатни видео предавања од врвните светски научници.
- American Sign Language Browser – Научете го знаковниот јазик онлајн.
- BBC Languages – Научете нов јазик онлајн.
- unplugthetv – По случаен избор одбира едукативно видео за вас.
- Lifehacker – Совети и трикови за подобрување на сите области од вашиот живот.
- JustinGuitar – Стотици бесплатни часови по гитара како и основна музичка теорија.
- DuoLingo – Бесплатно научете нов јазик додека помагате да се преведе вебот.
- Layers Magazine – Туторијали за Фотошоп, Илустратор, Dreamweaver, Flash, Премиер Про, In Design и After Effects.
- Creative Flow – Листа на повеќе од 950 туторијали за Фотошоп со цел да бидете во тек.
- Open2study – Open2Study испорачува бесплатно, висококвалитетно образование онлајн. Може да учите за предмети од вистинска вредност и само за 4 недели може да научите нешто ново, да го преземете следниот чекор во вашата кариера, да се предизвикате себеси или едноставно да ја задоволите вашата љубопитност. Овие предмети се овозможени од врвни институции од Австралија и се предавани од академци и водечки професионалци во индустријата кои сакаат да подучуваат. Се што ви треба е интернет врска и желба за учење.
- OEDb – Изберете од повеќе од 10.000 бесплатни онлајн курсеви.
Исто така може да погледнете и бесплатни документарци на оваа локација.