Одржана средба на координативната група за ООР

На 25.04.2014, во просториите на Метаморфозис се одржа средба на координативната група за ООР. За време на овој состанок присутните  членови ги презентираа нивните активности во насока на ООР.

Потоа, претставник од Метаморфозис ја презентираше кратката анализа на законската легислатива за образование во Република Македонија и состојбите со ООР изработена во март 2014 година, од Метаморфозис.

На средбата беа разгледани и можните пречки и моменталните потреби за овозможување на развој на ООР и зголемување на Алијансата за ООР во Македонија.

Она што следи по овој координативен состанок е работна средба на која ќе присуствува координативната група и организациите членови во Алијансата за ООР, како и други засегнати чинители кои сакаат да придонесат.

На работната средба, која е планирано да се одржи кон крајот на месец мај, ќе биде изготвен план и стратегија за идни активности, а ќе се дискутираат можните пречки и предизвици за ООР во Македонија и како Алијансата да ги надмине истите.