Публикациите на УНЕСКО ќе бидат бесплатно достапни согласно новата Политика на Отворен пристап

УНЕСКО ќе ги направи достапни своите дигитални публикации за милиони луѓе ширум светот, бесплатно, со отворена лиценца. По одлуката на Извршниот одбор на организацијата во април, УНЕСКО постана првиот член на Обединетите Нации кој усвои политика на отворен пристап за своите публикации. Новата политика значи дека секој ќе може да ги преземе, преведе, адаптира, дистрибуира и повторно сподели публикациите и податоците на УНЕСКО без да плати.

Џанис Карклинс, помошник генерален директор за комуникација и информации на УНЕСКО, ја најави новата политика за време на отворањето на Светскиот самит за форумот за информациско општество, на 13 мај во Женева.

„Истражувачите од сите земји, особено од земјите во развој и неразвиените земји ќе имаат придобивки и ќе профитираат од отворениот пристап до знаење“, рече Карклинс. „Нашата нова политика ќе ни овозможи да ја зголемиме видливоста, пристапноста и брзата дистрибуција на нашите публикации“.

Со усвојување на оваа нова политика за објавување, УНЕСКО ја подредува својата практика со нивното застапување во корист на отворениот пристап, и ја зајакнува својата посветеност на универзалниот пристап до информации и знаење.

Движењето за отворен пристап се роди во научната заедница со цел да се адресираат големите трошоци на научната литература, кои се од основна важност за истражувачите. Широк опсег на универзитети, институции и владина поддршка се алтернатива на традиционалниот модел на пренесување на знаење преку скапи академски списанија.

Почнувајќи од јули 2013, стотици дигитални публикации за преземање на УНЕСКО ќе бидат достапни за корисниците преку новото складиште за отворен пристап, со повеќејазичен интерфејс. Сите нови публикации ќе бидат достапни со отворена лиценца. УНЕСКО исто така, ќе бара начини за да го примени ова ретроактивно, т.е. на дела кои веќе се објавени.

Со усвојувањето на отворениот пристап за своите публикации, УНЕСКО ја зајакнува основната цел на Интервладината организација, да се осигура дека сето знаење кое го создава е достапно до најшироката публика.

Целосниот текст од политиката е достапен на веб-сајтот на УНЕСКО.

Новата политика за објавување е во иста линија со Стратегијата за отворен пристап до научни информации на УНЕСКО и неговите главни компоненти како што е неговата работа на полето на Отворени образовни ресурси и Слободен софтвер и софтвер со отворен код.

Извор: UNESCO to make its publications available free of charge as part of a new Open Access policy