Се поголем број на универзитети и истражувачки организации започнуваат да создаваат складишта за податоци од истражувања со цел да дозволат постојан пристап во сигурна околина до сетовите податоци кои се резултат на истражување во нивните институции.
Поради различни дисциплински барања, областа на складиштата за податоци од истражувања е многу хетерогена. Ова им отежнува на истражувачите, финансиерите, објавувачите и научните институции да изберат соодветно складиште за чување на истражувачки податоци или да бараат податоци.
Регистарот re3data.org овозможува лесна идентификација на соодветни складишта за податоци од истражувања, за создавачите и корисниците на податоци. Регистарот ги покрива складиштата за податоци од истражувања од сите академски дисциплини.
Иконите со информации ги прикажуваат основните атрибути на одредено складиште, овозможувајќи им на корисниците да ги идентификуваат функционалностите и квалитетите на складиштето за податоци. Овие атрибути може да се искористат за пребарувања со повеќе критериуми.
До април 2013, на re3data.org индексирани се 338 складишта за податоци. Операторите на складиштата можат да ја предложат нивната инфраструктура за листирање на re3data.org преку едноставна апликација која тимот ја разгледува и потоа го забележува предложеното складиште во регистарот.
re3data.org е финансиран од Германската фондација за истражување (DFG).