Кога се зборува за отворени образовни ресурси, еден од најважните проекти во оваа област е проектот на отворената енциклопедија, Википедија. Обемот на знаење, информации, содржини од речиси сите области на науката, историјата, технологијата, популарната култура, и други, ја правата Википедија уникатен проект со нерпоценливо значење од глобален карактер.
Википедија е оформена во 2001 година и за 11 години на неа корисниците и ентуизијастите создале речиси 4 милиона статии од различни области, со вкупен обем од околу 26 милиони страници.
Во овој напис ја споделуваме нејзината презентација, a и потсетуваме на изданието на фондацијата „Метаморфозис“ под наслов „Прирачник за [[вики]]“ Имајќи го предвид огромното значење на Википедија за ООР, проектот „ООР во Македонија“ во своите работилници вклучи и модул за запознавање и обука за Википедија. Модулот го подготви и го изведува м-р Василка Димитровска, активен член на Викимедија Македонија од нејзините зачетоци.