На 29 мај 2012 беше одржана презентација за „Отворени образовни ресурси“ (ООР) пред студентите на „Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“ (ФИНКИ).
Пред групата студенти беа претставени идеите, концептите, како и светските искуства околу ООР и примената на дигиталните технологии во образовниот процес. По презентацијата беа поделени прирачници, постери и информативни летоци за ООР со помош на кои студентите ќе можат на посистематизиран и прегледен начин да дознаат нешто повеќе за оваа област која динамично се развива во светот.
Низ дискусија студентите ги соподелија своите искуства за досегашниот труд и бази на содржини кои тие ги користат во пракса, и како тие можат да бидат споделени и промовирани за другите корисници. Една од главните точки на дискусија беше како треба правилно да се користат некои достапни ресурси, од типот на отворените онлајн енциклопедии, и кои постапки треба да се применат за проверка на научните факти и податоци.
Студентите беа поканети да се вклучат низ различни форми кон проектот.