Земено глобално различни земји се различно технолошки развиени и во различен степен успеваат ефикасно да ја применат технологијата во образовни цели. Сепак, постојат некои споделени тешкотии и проблеми кои ги поврзуваат поголемиот број земји и прашањата околу стекнување и споделување на знаењата:
- Скапи образовни и истражувачки материјали кои го инхибираат развојот на науката и знаењето.
- Образовни материјали кои не дозволуваат слободно менување или дистрибуција без претходна дозвола.
- Ограничен пристап до образовните материјали, дозволен само за ограничен број луѓе кои се запишани или вработени во некоја организација или институција.
- Ученици и наставници оставени сами на себе и изолирани од заедниците на кои припаѓаат.
Ако се зема ова во предвид, кои предности ги носи системот кој се заснова на отворени образовни ресурси?
- Полесно доаѓаме до знаењето и материјалите кои ни се потребни за едукација.
- Трошиме помалку средства и време за да стигнеме до материјалите кои ни требаат во учењето и истражувањата.
- Им помага на наставниците да ги создаваат и да ги разделуваат содржините кои се потребни во наставата.
- Отвора нови начини за усвојување на знаењата, материјалите ги прави достапни во секое време, ја збогатува нивната форма, лесно се поврзуваат учениците и студентите помеѓу себе, како и наставниците со самите ученици и студенти.
- Полесно разменуваме знаења и идеи со други ученици, студенти, наставници, истражувачи.
- Ги правиме достапни знаењата и информациите за своето општество, се промовира локалната култура и јазиците, се поврзуваме со светот кој постојано се развива.