За образовни цели можеме да ги искористиме низа можности и материјали кои ги нуди интернетот.
На пример, кога се изведува наставата може да се употребуваат достапни содржини од различни области кон кои учениците и студентите можат да се навраќаат по потреба и желба и со тоа на значителен начин ќе го олеснат процесот на усовјување на одредени информации и знаења. Образованието се ослободува од рестрикциите на тоа да биде „затворен процес“ во самите институции, туку и добива можности за свое ширење и споделување по потребите и интересите на сите инволвирани во тој процес.
Споредете како само користење на интернет достапни видео материјали може да го интензивира и олесни предавањето и изучувањето на книжевноста? Еве едно илустративно видео кое може да ни го долови таквиот ефект и можности на образовните ресурси кои се достапни, но не се доволно исползувани во пракса: