Како да примените отворен образовен ресурс во наставата?

Многумина од нас за образовни цели можеме да искористиме низа методи преку интернет. Кога се изведува наставата може да се употреби или прикаже некоја содржина која е слободна за употреба. На пример, во наставата тоа можед а биде со шрикажување на некое вредно уметничко дело или труд:

Еден од проблемите кои настануваат е како учениците подоцна при извршувањето на домашните задачи, подготовка на разни материјали  и учењето повторно да можат слободно да ги користат и прегледуваат материјалите кои се употребени во наставата. Тоа наметнува потреба од поврзување на наставниците и учениците меѓусебе, со што се олеснува достапноста до употребените материјали и содржини, но и размена на ифнромации и ставови околу истите. Образованието не мора да се ограничи само на училницата, напротив, неговата отвореност многу го подобрува неговиот квалитет.

Некои од начините преку кој наставникот или учениците можат да се поврзат се социјалните мрежи и групите кои можат таму да се отворат (на пример Facebook).

Втор начин е правење на т.н. „email-групи“, односно сите пораки и информации кои треба да се упатат или споделат преку електронска пошта до сите ќленови на тие групи. Вакво поврзување може да се направи, на пример со групо на „Yahoo!“ и „Google“:

Некои од практичните проблеми со ваквото поврзување е што сите учесници мора да отворат свои сметки и налози на овие сервиси, и до одреден степен се ограничени во можностите за пристап и објавување.

Блогот во праксата се покажува како најкорисен начин за поврзување на ученицит,е наставниците и другите заинтересирани во заедници кои лесно разменуваат пораки, од линкови, до коментари, објавуваат содржини. Блогот е платформа која е отворена во секое време, како за објавување, така и за прегледување, преземање, споделување инфромации и слично:

На блогот можат да се додадат различен број корисници кои со корисничко име и лозинка можат да се најават и да внесуваат содржини независно. Ова се т.н. „колаборатвни блогови“, односно блогови кои промовираат соработка и заедничко придонесување кон неговите содржини.