Поминаа 10 години откако беше придвижена нова иницијатива: Директориумот на списанија со отворен пристап е резултат на уникатен потфат помеѓу Библиотеките на Универзитетот Лунд, поддржан од Информациската програма на Институтот Отворено општество, заедно со Коалицијата за научно издаваштво и академски ресурси (SPARC). [Прочитај повеќе...]
Директориумот на списанија со отворен пристап прославува 10 години постоење
Публикациите на УНЕСКО ќе бидат бесплатно достапни согласно новата Политика на Отворен пристап
УНЕСКО ќе ги направи достапни своите дигитални публикации за милиони луѓе ширум светот, бесплатно, со отворена лиценца. По одлуката на Извршниот одбор на организацијата во април, УНЕСКО постана првиот член на Обединетите Нации кој усвои политика на отворен пристап за своите публикации. Новата политика значи дека секој ќе може да ги преземе, преведе, адаптира, дистрибуира и повторно сподели публикациите и податоците на УНЕСКО без да плати. [Прочитај повеќе...]
Ново анимирано видео за македонските пари
Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот на кратки анимирани видеа изработени во рамките на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“. Како и претходните две, „Брзина на звук“ кое беше инспирирано од областа на физиката и „Правопис“ инспирирано од честите правописни грешки, и во ова видео се претставени едукативни факти, овој пат поврзани со македонските пари. [Прочитај повеќе...]
Излезе првиот број на новото академско електронско списание „Хаемус“
Излезе првиот број на „Хаемус“, новото академско електронско списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кој исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања.
Често поставувани прашања за Отворени образовни ресурси
Што се отворени образовни ресурси?
Концептот за Отворени образовни ресурси (ООР) ги опфаќа сите образовни ресурси, вклучувајќи ги и наставните програми, материјали од курсеви, учебници, онлајн-видеа, мултимедијални програми, поткасти, како и секаков друг материјал кој е дизајниран за употребување во настава и при учење, кои се бесплатно достапни за употреба од страна на наставници и ученици, без потребата од плаќање надомест за авторски права или такси за лиценца. [Прочитај повеќе...]
Често поставувани прашања за Отворен пристап
Што претставува отворениот пристап?
Отворениот пристап претставува достапност на научно-истражувачки содржини, бесплатно, преку интернет. Најпозната и најлесно изводлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа. [Прочитај повеќе...]
Образовните ресурси на ОУ Блаже Конески
Низ проектот за ООР имавме можност да се сретнеме со голем број образовни работници кои со нас споделија голем број од своите материјали, активности и идеи, и не информираа како тие практично ги користат новите дигитални алатки и интернетот во образовни цели. Еден од најимпресивните трудови е оној кој со нас го споделија наставниците од О.У. Блаже Конески од Скопје. [Прочитај повеќе...]
Препораки за домашни образовни ресурси
Ја продолжуваме востановената пракса на ООР сајтот да презентираме и препорачуваме домашни образовни ресурси. Се надеваме дека со нивното презентирање ќе ја прошириме нивната употреба, ќе помогнеме во нивна понатамошна афирмација, но и ќе мотивираме создавање на дополнителни ресурси во различни научно-образовни области. [Прочитај повеќе...]
Презентација на ООР на институтот за педагогија
На 27 ноември се одржа презентација за отворените образовни ресурси (ООР) пред студентите од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Студентите беа информирани за основните поими и концепти на движењето за ООР, како и тековните развојни трендови во оваа област. [Прочитај повеќе...]
Презентација на ООР за наставниот кадар во предучилишните установи
На 23 ноември во Скопје се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) во просториите на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. Пред околу 20-тина членови на учителскиот кадар од скопските предучилишни установи беа презентирани концептите и праксите во употребата на ООР, како и достапните ресурси за овој степен на образование. [Прочитај повеќе...]
Shqip 






