Ирина Шумадиева


Институција: Метаморфозис
Лични сајтови:
http://oer.mk
Кратка биографија: Проектен координатор во Фондацијата Метаморфозис. Дипломиран новинар на Правниот факултет во рамките на државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и магистер по комуникации со што се стекна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

Има работено како автор и уредник на телевизиски проекти и списанија од областа на компјутерската технологија. Од 2007 до 2009 година држи предавања по предметот Информатика во новинарство на факултетот каде што дипломираше.

Во Фондацијата Метаморфозис се занимава со проекти во областа на отворените образовни ресурси, отворениот пристап и слободното споделување содржини на интернет преку промоција на лиценците Криејтив комонс. Исто така одржува обуки за мултимедија и нови медиуми, организира локални и меѓународни настани, автор е на повеќе публикации, а работи и во полето на приватноста и медиумите.
Кратко едукативно видео „Правопис“
Опис: Кратко едукативно видео за промоција на знаењето и слободната достапност на образовни ресурси на интернет
Јазик: Македонски
Денари
Опис: Кратко анимирано видео за македонските пари
Јазик: Македонски