Соња Трифуновска


Институција: ООУ „Гоце Делчев“-Тетово
Лични сајтови:

Кратка биографија: Родена на 26.07.1976 во Тетово, сопруга и мајка на четири деца. Дипломиран професор по одделенска настава на Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“-Скопје. Завршено средно училиште во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“- Тетово општа насока. Завршено основно училиште во ОУ „Андреја Савески- Ќиќиш“ во Тетово. РАБОТНО ИСКУСТВО Наставник по англиски јазик од V до VIII одделение во с. Теарце (тетовско) 2001 година Воспитувач во забавишната група во ОУ „ Братство“-Тетово, подрачно училиште с. Сараќино 2003-2004 година Одделенски наставник во ООУ „Гоце Делчев“-Тетово 2008-2020 година. Училишен обучувач во програмата Јазична писменост во почетните одделенија ( Проект на МОН и БРО) 2015/ 2016 год. Базична и напредна обука за меѓуетничка интеграција во образованието и училишен обучувач за МИО (Проект на УСАИД , БРО и МЦГО) 2016/ 2017 год. Завршена обука на тема:„Поим за алгоритми и програми, совладување на алгоритамско размислување преку игра и креирање едноставни програми за IV одделение на основното образование“ (Проект на МОН, БРО и МРЦГО) 2017 год. Обучувач за користење на компјутерскиот софтвер TOOLKID и G-COMPRIS Завршена обука за изработка на ИОП за ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес 2018 год. Обучувач за Notebook software for Smart Board (Smart training Programme) Завршена обука Оценување за учење:Поставување и употреба на критериуми за успех по Математика и Природни науки во основно образование 2018/2019 год Реализирани отворени часови од Јазична писменост и Математика со размислување Завршен онлајн курс на тема „Инклузивно образование“ (Проект на МОН и БРО) 2019 год. Завршен онлајн курс за микробит (Проект на British Council) 2019 год. Завршен онлајн курс на тема „Реализација на наставата со користење на различни ИКТ средства за учење“ (Проект на МОН и БРО) 2020 год.Училишен обучувач за Google Classroom и Националната платформа 2020 година. Завршенa обука за интеркултурно образование во Нансен Дијалог Центар. Учество и реализација на проекти од меѓуетнички карактер. Учество во воннаставни активности од различни области (културни манифестации на ниво на општина и држава, учество во телевизиски емисии, учество во проектот „Етно дете“ , учество во проектот на словенечкиот писател Маша Огризек преку реализација на теренска и практична настава и др.) Учество со наставни активности на Europe Code Week 2019 подржано од European Commission Учество на „World`s Largest Lesson“ поддржано од UNICEF 2019 год. Учество во Проектот на МОН и БРО Е-УЧИЛНИЦА за кој имам снимено многу видео лекции 2020 год.Изготвување на видео лекции за платформата JetMinds. Изготвување на едукативни активности и игри за колективниот портал Едуино. Учество и награди на конкурси и натпревари (општински, регионални и меѓународни).
Видео лекција „Бројалка-Цвеќе шарено“
Опис: Наставна содржина по музичко образование за трето одделение-Обработка на бројалка
Јазик: Македонски
Интерактивен наставен лист во вклучена презентација
Опис: Лекција по природни науки за трето одделение за употреба на сетилата која учениците ја совладуваат преку следење на видео презентација и проверка на наученото преку интерактивен наставен лист.
Јазик: Македонски
Е-книга за растенијата
Опис: Е-книга по природни науки за трето одделение за одгледување на растенија во која учениците учат за растенијата преку приказна и ги проверуваат интерактивно своите знаења преку вклучени линкови со едукативни игри , наставен лист, квиз и сл.
Јазик: Македонски
Е-книга за видови реченици
Опис: Ресурс за лекција по македонски јазик за трето одделение за видови реченици
Јазик: Македонски
Е-книга за здрава храна
Опис: Интерактивен ресурс по природни науки за трето одделение за содржината здрава храна со кој учениците учат преку приказна и добиваат задачи во форма на интерактивни листови, образовни игри и слично за проверка на наученото.
Јазик: Македонски
Е-приказна за 3Д форми
Опис: Образовен ресурс за лекцијата Својства на 3Д формите за второ одделение
Јазик: Македонски
Интерактивен наставен лист за звучни и безвучни согласки
Опис: Образовен ресурс по македонски јазик за петто одделение за проверка на знаењата за звучни и безвучни согласки
Јазик: Македонски
Интерактивен наставен лист за обработка на песна
Опис: Образовен ресурс по македонски јазик за трето одделение за обработка на песната „Разбудување“ со вклучено изразно читање, содржинска обработка на песната и определување на поетски слики преку задачи.
Јазик: Македонски
Видео лекција
Опис: Лекција по музичко образование за трето одделение со наставна содржина: Изведба на народни танци и ора „Бувчанско оро“
Јазик: Македонски