Наумовска: Матурантите препишувале на државната матура

Делови од текстови или цели текстови препишувале матурантите посебно по предметот англиски јазик, а тоа го евидентирале оценувачите на тестовите, рече денеска Елизабета Наумовска, директорката на Државниот испитен центар. Додека се чекаат официјалните извештаи на оценувачите кои треба да напишат што сè регистрирале, Наумовска рече дека тие нотирале препишани текстови.

Инаку вкупниот среден успех кој го постигнале матурантите оваа година на полагањето државна матура, е 3,61. Во 2019 година тој изнесувал 3,48, односно евидентно е подобрување и покрај отежнатите услови за настава заради ковид-пандемијата, изјави директорката.

– Имало копирање на цели текстови, посебно по испитите по странски јазици односно по англиски јазик. Оценувачите кога го увиделе тоа, не го толерирале. Инаку, во сите училишта денеска во 12 часот на огласните табли и на сајтот matura.gov.mk се објавени резултатите. Матура полагаа безмалку 15.300 матуранти.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Мета.мк