Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Дигитална безбедност и сигурност во настава на далечина, со почеток во 15:30 часот, на 24 јуни (четврток), 2021 година.
Обучувач на овој вебинар е Филип Нешкоски, магистер по индустриско инженерство и менаџмент, моментално Раководител за оперативна поддршка во Фондацијата Метаморфозис, Скопје со повеќе од 15 годишно работно искуство во граѓанскиот сектор.
Ги покануваме сите заинтересирани од наставниот кадар, стручните служби, училишниот менаџмент, но и родителите/старатели на ученици да се пријават за учество на следниот линк за пријавување. Обуката ќе трае околу 80 минути, и учесниците ќе имаат можност за дискусија со предавачите, и поставување прашања на темите од обуката.
На овој линк можете да ја погледнете и деталната агенда: Дигитална безбедност и сигурност во настава на далечина 24.06.2021
По завршување на вебинарот, материјалите ќе бидат достапни за сите учесници, лиценцирани со Криејтив Комонс, и слободни за повторна употреба, со наведување на извор. Ве охрабруваме да го споделите овој повик до сите на кои сметате ќе им биде од корист. Ве очекуваме!
Вебинарот Дигитална безбедност и сигурност во настава на далечина се спроведува во рамки на проектот Отворени образовни ресурси, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.