Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Формативно оценување во услови на настава на далечина, со почеток во 15:30 часот, на 20 мај (четврток), 2021 година.
Обучувач на овој вебинар е Александра Блажевска, дипломиран професор по хемија, наставник по хемија и природни науки во ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје со десетгодишно работно искуство како наставник.
Александра е Претседател е на Креативен центар Карпош, Scientix амбасадор, модератор на онлајн курс за наставници („STEM is everywhere“ на European Schoolnet Academy) и национален обучувач за платформата за учење на далечина. Покрај ова, таа е и креатор е на часови за онлајн учење со метод на учење преку истражување и користење на онлајн лаборотории на Go-Lab платформата.
Александра исто така е добитник на повеќе награди и признанија, како на пример: Титула за „Најдобар наставник на бивша Југославија“- Асоцијација на најдобрите наставници на бивша Југославија. Награда за „Успешна наставничка за добри наставни практики“- Фондација отворено општество Македонија, Награда за „НајОЕР наставничка“- Фондација Метаморфозис, и други.
Ги покануваме сите заинтересирани од наставниот кадар, стручните служби, училишниот менаџмент, но и родителите/старатели на ученици да се пријават за учество на следниот линк за пријавување. Обуката ќе трае час и половина, и учесниците ќе имаат можност за дискусија со предавачите, и поставување прашања на темите од обуката.
На овој линк можете да ја погледнете и деталната агенда: Формативно оценување во услови на настава на далечина 20.05.2021
По завршување на вебинарот, материјалите ќе бидат достапни за сите учесници, лиценцирани со Криејтив Комонс, и слободни за повторна употреба, со наведување на извор. Ве охрабруваме да го споделите овој повик до сите на кои сметате ќе им биде од корист. Ве очекуваме!
Вебинарот Формативно оценување во услови на настава на далечина се спроведува во рамки на проектот Отворени образовни ресурси, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.