Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој на предлог на МОН неделава беше усвоен од страна на Владата, предвидува секоја книга што ќе ја има во хартиена верзија, да има и аудио верзија, а МОН ќе може да ја печати и на Брајово писмо за децата со оштетен вид, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето на телевизија Сител.
Таа додаде дека новиот закон освен што ќе овозможи да има избор на учебници што ќе се користат во наставата по секој предмет, за прв пат овозможува самите учебници да се инклузивни.
Царовска нагласи со новото законско решение, ќе се обезбедуваат квалитетни учебници и современа дидактика со што значително ќе се унапреди и квалитетот на наставата во земјата и дека особено е важно што конечно фаќаме чекор со процесот на дигитализација на учебниците.
Текстот е преземен од Мета.мк