Конкурс за престој во јавните ученички домови

Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година.Оттаму посочуваат дека според Протоколот за работа во услови на справување со вирусот Ковид -19, во една соба ќе се сместуваат 50% ученици од вкупниот капацитет на собата и право на сместување ќе имаат само учениците кои имаат настава со физичко присуство или комбинирана настава.

„Доколку во текот на учебната година се надмине пандемијата и ќе се створат услови за сместување со полн капацитет, во домот ќе се сместат сите ученици кои стекнале право на сместување со Конкурсот“, посочуваат од МОН.

Првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на Република Северна Македонија.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Радио МОФ