Учениците се подготвуваат за меѓународните тестирање на ПИСА и ПИРЛС

Потребно е да ги погледнеме сите бројки од домашните тестирања за понатаму да го подобриме нашето образование. Поради тоа направивме анализа, преку која дојдовме до заклучоци, кои ќе им ги презентираме на јавноста, соопшти министерката Мила Царовска, на денешната пресконференција, на која се зборуваше за подготовките за претстојните меѓународни тестирања. 

Министерката нагласи и дека меѓународните тестирања се многу важни, како и дека токму тие го покажуваат степенот на знаење на самите ученици.

– Токму затоа е важно да кажеме дека нашите ученици, досега најголем процент од нив, го репородуцираат своето знаење. Тие треба да го искористат наученото во непознати ситуации во училиштето и надвор од него. Сето ова бара тимска работа, а во моментот се случуваат подготовки за меѓународните тестирања на ПИСА. Ваквите тестирања се многу значајни и покажуваат до каде се нашите ученици со нивното знаење – нагласи Царовска.

Заменик министерката за образование, Елизабета Наумовска, истакна дека направените анализи за знаењето на учениците, се многу значајни при следењето на светските трендови по ова прашање.

– Државниот испитен центар е институција за мерење на квалитетот на образовниот систем, односно за екстерна евалуација за знаењето на учениците. Важно е да знаеме кои се светските трендови и во која мера образованието ги подготвува младите луѓе во иднина, а ваквите истражувања се инструмент за мерење на некои од индикаторите во Меѓународните студии и кои се релевантни за квалитетот на образованието, но тука влегуваат и националните тестирања, самоевалоуацијата и слично. Добиените сознанија од овие резултати, креаторите на политиките во нашата земја можат да ги користат како патоказ за планирање стратегии и преземање стратегии за понатамошни чекори – истакна Наумовска. 

За целиот текст, кликнете тука. Извор: Слободен Печат