НајООР избор: претставување податоци во дијаграми, лостови, магнетно поле, и работилница за правата на децата

Продолжуваме со издвојување на ресурси изработени од учесниците во конкурсот, и ве охрабруваме и понатаму да создавате отворени образовни ресурси, кои го подобруваат квалитетот на образованието за сите ученици, особено учениците кои често немаат пристап до традиционалните наставни помагала – учебниците, и се потпираат токму на вашите ресурси, и интернетот, со цел да ги продлабочат своите знаења. Ви благодариме!

Овојпат ви ги претставуваме дел од ресурсите на Стефанка Николовска, Аида Петровска, Валентина Степановска Андонова, и Маја Георгиева, сите високо-пласирани учесници на нашиот конкурс.

Од Стефанка Николовска, одделенска наставничка во ООУ,, Гоце Делчев” Тетово, издвојуваме: Претставување на податоци во дијаграми (.pptx)

Опис: Презентација за претставување на податоци во дијаграми за прво одделение математика.

 

Од Аида Петровска, наставничка по физика во ООУ “Димитар Миладинов”, издвојуваме: Колку знаеме за лостови? (link)

Опис: Часот е подготвен за реализација во 4. седмица на октомври 2020 год. Започнува со согледувањето на изучениот материјал и начинот на оценување, а потоа следи оној дел од материјалот кој најголем број ученици го усвоиле. Се обидов да пресметам дали Архимед бил во право кога побарал лост и потпирка за да ја помести Земјата. Преку домашна задача зададени се 2 краткорочни истражувања, преку кои уште еднаш учениците ќе утврдат колку го разбрале и научиле дадениот материјал. Часот завршува со квиз составен од 7 интересни прашања.

 

Од Валентина Степановска Андонова, наставничка по физика во ОУ „Даме Груев“ од Битола, издвојуваме: Магнетно поле (.pps)

Опис: Изучување на нова наставна содржина во тема “Електрицитет и магнетизам” – деветто одделение.

 

Од Маја Георгиева, одделенска наставничка во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Аеродром, издвојуваме: „Права на децата“ (.pptx)

Опис: Едукативно-креативна работилница за правата на децата реализирана по повод Недела на детето (првата недела од месец октомври).

 

Потсетуваме дека отворените образовни ресурси, кои можете да ги пронајдете на нашата страница, можете слободно да ги користите, споделувате, и ве охрабруваме и да се обидете да создаде свои! Сите ресурси се достапни секцијата „Ресурси“. Следете не не и на Facebook страницата на Отворени образовни ресурси.