Учениците со хиперактивност и недостаток на внимание и други потешкотии во учењето имаат потреба од посебни стратегии на учење, активности и ресурси за да се осигура нивниот успех при учење. Еден од начините да се овозможи ова е да се искористат отворените образовни ресурси (ООР) – збирка од образовни материјали која учениците и учителите можат да ја прелистуваат, целосно бесплатно или со мал надомест и да пронајдат активности кои одговараат за нив.
Пронајдете и користете отворени образовни ресурси
ООР вклучува широк дијапазон на ресурси, примарно електронски, но исто така и печатени, кои можат да се користат за подучување, учење или истражување. Дијапазонот на ООР вклучува:
- Алатки за подучување како што се силабуси, квизови и алатки за процена.
- Содржини за учење како што се учебници, прегледи на курсеви и образовен софтвер.
- Апликации за учење, како што се игри и симулации.
Веб локации како што се Edutopia, iTunes U, и OER Commons служат како онлајн водичи и складишта за пронаоѓање на овој тип на ресурси.
Еве некои од начините на кои ООР можат да помогнат на учениците со хиперактивност и недостаток на внимание или други потешкотии во учењето.
Визуелизации и визуелни помагала
Една стратегија препорачана од Helpguide.org за подучување на ученици дијагностицирани со хиперактивност и недостаток на внимание е потенцирање на визуелизациите и визуелните помагала, како што се графикони, фотографии, обележување со бои и помагала. Еден пример за популарен отворен образовен ресурс кој може да се користи е Picto-Selector, бесплатна онлајн алатка за создавање визуелни ресурси која ја користат многу родители и наставници. Picto-Selector им овозможува на корисниците да пребаруваат низ архива од 28,000 илустрации кои можат автоматски да се подредуваат во колони и редови и повторно да се искористат како шаблони.
Други онлајн колекции на корисни визуелни помагала во форма на ООР можете да пронајдете користејќи ги веб локацитие како Autism Speaks и Pinterest.
Ангажирачки образовни игри
Друга препорачана стратегија за подучување на ученици кои имаат хиперактивност и недостаток на внимание е користењето на образовни игри за да се ангажира вниманието на детето. Два OОР од оваа област вклучуваат:
- BusyTeacher.org: Овој веб сајт нуди многу корисни ресурси, вклучувајќи и онлајн алатка каде родителите и наставниците можат да создадат нивни игри со пребарување на зборови кои можат да се испечатат.
- PBS KIDS: Овој веб сајт нуди голема колекција на образовни игри и апликации.
Материјали за учење приспособени за хиперактивност и недостаток на внимание
Пократки материјали за учење и тестирање се добри за деца со хиперактивност и недостаток на внимание, кои губат интерес при поголеми, покомплицирани презентации. На пример:
- YouTube каналот на еден корисник вклучува двеминутен туторијал на основна атомска структура со кој го пренесува поголемиот дел од материјалот кој би бил покриен со цело поглавје од еден учебник.
- Сајтот CK-12 нуди библиотека од такви ресурси, вклучувајќи бесплатни онлајн учебници, картички, симулации и примери од секојдневието категоризирани по предмет и тема.
- Сајтот Classroom Aid (Помош во училницата) овозможува пристап до голем избор на дигитални образовни материјали.
- Free High School Textbooks Internet Library (Интернет библиотеката на бесплатни учебници за средно образование) овозможува памфлети од една страница на широк дијапазон од образовни предмети и теми.
Извор: Additude Mag