„TES Global“, компанијата за дигитално образование и дом на најголемата мрежа на онлајн учители во светот, неодамна ги објави резултатите од нивната втора годишна анкета на тема: Учителите и технологијата. Спроведена во јануари и февруари 2016, анкетата собираше ставови за технологијата во училниците од речиси 1,000 учители во САД.
Веќе втора година по ред, анкетата открива речиси целосна заситеност од технологија во образованието; сепак, бројките од 2016 покажуваат дека особено присвојувањето на отворените образовни ресурси се чини дека е забрзано, со 73% од анкетираните пријавиле дека тие ги користат отворените образовни ресурси повеќе од учебниците.
Присвојувањето на ООР се одржува на високо ниво поради неформалното пренесување помеѓу самите учители (од уста на уста), како и поради неодамнешните промени во регулативата. На почетокот на оваа година, Министерството за образование на САД воведе нова регулатива која бара од секоја интелектуална сопственост со издавачки права создадена со средства од грантови да има отворена лиценца. Според извештај од 2015 од „Hewlett“, бројот на дела лиценцирани под Криејтив Комонс лиценца е зголемен од 50 милиони во 2006 на 1.18 милијарди во 2015.
Овогодинешната анкета исто така ни отвора поглед кон користењето на технологијата во училниците.
- 84% пријавиле дека користат технологија за давање инструкции на целата група; 74% ја користат за давање на диференцирачки инструкции.
- 70% од учителите пријавуваат дека користат технологијата за комуникација со родителите, рефлектирајќи постојан фокус на ангажирање на родителите – и потврдувајќи го нашироко прифатеното усвојување на онлајн алатки како „Remind“ (Потсети) и „ClassDojo“ (Доџо-Училна).
- Мнозинството (93%) се согласува дека технологијата најмногу влијаела на нивниот пристап кон менаџирањето со време, како и пренесување на инструкции (88%).
Пристапот до хардвер исто така се чини дека се зголемува. Оваа година анкетата посочува на зголемување на пристапот до хардвер, и значаен пад во проблеми со поврзувањето.
- Само 27% пријавиле дека имаат недостаток од таблети и компјутери, иако 37% велат дека ова е се уште најбараната технологијата во нивната училница.
- 16% тврдат дека поврзувањето на интернет е бариера за успешното користење на технологијата во училниците, споредено со 35% во 2015 година
- 25% од анкетираните учители најмногу би сакале да имаат технологија базирана на игри во нивните училници, вклучувајќи лаптопи.
- 10% од учителите најмногу би сакале очила за виртуелна реалност да влезат во училниците, зголемување од 5% од минатата година.
Извор: PR News wire