Оваа година, Криејтив комонс и Мрежата за отворени политики го организираа првиот Институт за отворено лидерство (IOL). Институтот за отворено лидерство претставува програма за обука и поддршка што ги оспособува новите лидери заинтересирани за подготовка и спроведување на политика за отворено лиценцирање во рамки на нивните дисциплини. Во јануари 2015 година, организаторите собраа разнообразна група од 14 соработници на една недела во Сан Франциско. Соработниците работеа и со ментори и меѓусебно со цел да ги усовршат нивните идеи за проекти за отворени политики. Оттогаш, тие веќе работат во нивните институции и области, во насока на спроведување на нивниот план за отворени политики.
Периодот за пријавување за учество на следниот IOL започнува денес. IOL 2 ќе се одржи на 14-18 март, 2016 г. во Кејп Таун, Јужна Африка.
Инструкциите за пријавување се поставени на веб-локацијата на Институтот за отворено лидерство. Пријавите треба да се поднесат најдоцна до 30 октомври 2015 година, а бројот на учесници е ограничен на 15.
Пожелно е да се пријавуваат претставници од разни области, вклучувајќи го и јавниот сектор, институции за културно наследство, издаваштво, како и научни лаборатории. Добредојдени се поединци кои сакаат да станат експерти во отвореното лиценцирање, да бараат нови можности за отворено споделување содржини и податоци, како и директно да влијаат врз одлуките за политики во нивните институции и нивното поле на дејствување.
Институтот за отворено лидерство е поддржан од Фондацијата Вилијам и Флора Хјулит и Фондациите Отворено општество.