Студентите од Државниот Универзитет во Питсбург добија шанса да посетуваат предавања без учебници

7415855_GТрадиционалните учебници добиваат конкуренција во оваа дигитална ера.

Државниот Универзитет во Питсбург започна со пилот-програма за курсеви кои воопшто не користат учебници.

Тајлер Хендерсон, студентот на додипломски студии вели, „Само што завршив со подготовка за испит и јас бев единствениот со отворен учебник.  Сите останати ги користеа само нивните забелешки.“

Ова е поради цената на учебниците.

Бренда Фриден, директорот на Центарот за подучување, учење и технологија вели, „Би рекла дека просекот е околу сто и педесет долари па нагоре.“

Рајон Хафман, професор по цртање и дизајн кој во истовреме е и во комитет за Отворени образовни ресурси вели,  „Некои студенти ќе се откажат од студирање бидејќи не можат да си ги дозволат (учебниците). Се трудиме да ја надминеме таа пречка со ООР.“

ООР,  се нешто што некои го нарекуваат тивка револуција.

Фриден вели, „Многумина обично мислат дека тоа се само отворени учебници.  Но тоа може да биде било кој тип на дигитален ресурс до кој јавноста има слободен пристап.“

Универзитетот во Питсбург започна со неколку пилот-курсеви со ООР во 2013 и ги анкетираше студентите.

Фриден вели, „Тие сметаа дека информациите се порелевантни, помодерни, повеќе скроени за тој конкретен курс. Тоа не беше само затворена серија на содржини.”

Ова не е само бенефит за студентите.  Професорите велат дека на овој начин имаат пристап до повеќе содржини.

Хафман вели, „Само затоа што издавачот тврди дека некоја книга е добра, тоа не мора да е така.“

И Фриден вели дека со ООР, „Имате голема соработка со факултетите ширум светот,  собирајќи информации, ставајќи ги во оддели, правејќи ги достапни.“

Јавната библиотека „Axe” исто така создава онлајн оддели со линкови до отворени учебници, целосни курсеви или проекти.

Криејтив Комонс е местото каде може да ги најдете лиценцирани за споделување.

Хафман вели, „Прекрасната работа со ООР за образовни цели е тоа што доколку нешто излезе во јавност и има нешто погрешно, отворено е за другите да го поправат. Значи можеме да го рафинираме материјалот и да го направиме поблизок до нашите конкретни курсеви.”

Знаење за студентите, без трошоците за големите книги.

Универзитетот во Питстбург соработува со „Lumen Learning” за да ја тестира ефективноста на ООР и неколку членови на факултетот работеа во создавање на наставна програма со ООР.

За повеќе информации за пилот-програмата со ООР на Универзитетот во Питсбург можете да најдете со кликнување тука.

 

Извор: http://www.koamtv.com/story/28766114/psu-students-get-opportunity-to-take-classes-without-textbookspiloting-open-educational-resources