Неуспевањето да се споделат јавно финансирани ресурси за високо образование е ‘неетички’

lock_button_apple_keyboardТрошењето на јавни пари за ресурси за високо образование кои не можат да се споделуваат јавно е на граница да се биде „неморален и неетичен“, беше изјавено на една конференција.

Кејбл Грин, директорот за глобално учење во Криејтив Комонс, организација која поттикнува отворено споделување на знаење, изјави дека да се прави „било што помалку” од инсистирањето за отворено лиценцирање на сите јавно финансирани образовни алатки, што значи да бидат бесплатно достапни и адаптирани за реупотреба, претставува „масовно трошење на пари”.

Говорејќи на конференцијата за ООР во Кардиф во 2015, д-р Грин изјави дека отворените образовни ресурси можат да ја зголемат „ефикасноста и ефективноста” на јавните средства.

„Начинот на кој ги трошиме јавните пари на образование денес се граничи со неморално и неетичко однесување ,” рече тој. „Сите јавни финансирани ресурси сами по себе треба да бидат со отворени лиценци.”

Д-р Грин ја посочи работата на Мрежата за отворена политика, група која ги поттикнува владите и организациите да инсистираат дека било кое финансирано дело треба да е јавно достапно. „[Ние треба да] престанеме да има даваме пари на луѓето, освен ако не постои барање за отворено лиценцирање на делото,” рече тој.

„Се жалиме дека високото образование…нема доволно средства [но] ние имаме многу пари, трошиме повеќе од доволно на образовни ресурси— но ги трошиме многу лошо.”

Тој исто така рече дека идејата за владина лиценца со која луѓето во Обединетото Кралство ќе имаат пристап до јавни финансирани истражувања, како што е предложената во една неодамнешна публикација на Институтот за високообразовни политики, „не е во духот на споделување”. Таков систем исто така би било „речиси невозможно” да се имплементира, рече тој, бидејќи е многу тешко да се ограничи пристапот до нешто штом е поставено онлајн.

Наместо тоа, охрабрувањето на отворена култура во академијата може да негува и покооперативен пристап кон образованието, рече тој.

Д-р Грин претстави сценарио во кое академијата од целиот свет која предава курс „вовед во статистика” би биле „ангажирани во разговор едни со други” – споделувајќи идеи за тоа што функционира, и развивајќи подобри курсеви како резултат на тоа.

„Ние навистина сме лоши за ова во образованието, а ООР се мост за правењето на ова [поефективно],” рече тој.

Д-р Грин посочи на работата на Истражувачкиот хаб на ООР, проект на Отворениот Универзитет, за кои вели дека откриле кога предавачите инкорпорираат ООР се подобруваат резултатите на испитите и задоволството кај студентите.

Меѓутоа, тој додаде дека се уште има значајни предизвици за 25-те проценти од академијата за кои тој рече дека се „страсни поддржувачи” на отворените образовни ресурси.

„Само 12 проценти од факултетите издаваат под ООР лиценцата на Криејтив Комонс,” рече тој, додавајќи дека некои членови на факултетите веруваат дека издаваат отворено со правење на материјалот бесплатно достапен, но ја забрануваат можноста на другите да ги адаптираат и реупотребат нивните материјали.

Ресурсите се исто така „тешки за наоѓање”, и генералното знаење за нивното постоење и корисност е „ниско”, рече тој.

Извор: http://www.timeshighereducation.co.uk/news/failing-to-share-publicly-funded-he-resources-immoral/2019713.article