Промоција на веб-сајтот на „Школа за податоци – Македонија“

 

^F840FE7FAA741D7574186DD28A474BA09E4981F60B3D9514D3^pimgpsh_fullsize_distr

Отворените податоци можат да им бидат од голема помош на граѓанските организации, медиумите, активистите и државните институции во унапредувањето на јавниот сервис. Повеќе информации за начинот на искористување, анализа и презентација на отворените податоци, може да се добијат преку Школата за податоци – Македонија, чиј веб-сајт ќе биде промовиран овој четврток, 4 јуни, во 11 часот во Клубот на новинари во Скопје.

Школата за податоци е дел од проектот „Мрежа на граѓански организации за отворени податоци“, кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation и со поддршка од Foreign & Commonwealth Office.

Целта на проектот е да помогне во зголемувањето на капацитетите на граѓанските организации за промоција на отворена агенда.

На промоцијата на веб-сајтот ќе биде претставен и конкурсот за проекти и иницијативи кои вклучуваат примена на отворени податоци за подобрување на животот на граѓаните на Македонија.

Воведен збор ќе земе амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, н.е. Чарлс Едмунд Герет.