Најава: Меѓународна археолошка конференција: Населби, култура и динамика на популациите во Балканската прaисторија

10432093_911399618890657_1263757216591910418_nНа 13-14.03.2015 год. во Скопје, во организација на ХАЕМУС ќе се одржи меѓународна археолошка конференција на тема „Населби, култура и динамика на популациите во Балканската прaисторија”, посветена на праисторијата. Пријавени се повеќе од стотина археолози од 20 земји од светот.

Учесниците доаѓаат од Хрватскиот конзерваторски центар (Загреб); Археолошкиот институт (Загреб); Археолошкиот институт (САНУ – Белград); Археолошкиот институт  (Бугарска Академија на науките, Софија), University College of London (UCL); од неколку музеи од Романија итн.

Овој настан покрај научни, има димензии и од промотивен карактер и се прави во соработка и со поддршка на  археолози од Европа. Конференцијата ќе им овозможи на домашните истражувачи контакти со престижни институции кои би резултирале со соработка и идни проекти во полето на археологијата.

Kонференцијата вклучува презентации од археолози, изложба со постери и уште неколку пропратни настани. Партнери на конференцијата се Музејот на град Скопје и EXARC – меѓународна организација за музеи под отворено небо и екпериментална археологија. Официјален јазик на конференцијата е англискиот, а целиот настан се прави под мотото на УНЕСКО за Отворените Образовни Ресурси кои се и главен партнер на настанот.

По завршувањето на конференцијата, научните текстови од археолозите ќе бидат публикувани во посебна монографија во издание на Археопрес, издавачка куќа од Оксфорд специјализирана за публикување на научна археолошка литература. Целта е да се даде придонес во промоцијата на археологијата и културно-историското наследство на Македонија на светско ниво.