Фондацијата Викимедија ја прифати политиката за отворен пристап за да го поддржи бесплатното знаење

library_appeal__1973Фондацијата Викимедија е посветена кон отворање на знаењето во сите форми и правејќи го достапно во светот. Почнувајќи од денес нивната нова Политика на отворен пристап ќе овозможи сите истражувања кои се спроведени со поддршка на Фондацијата Викимедија да бидат отворено достапни до јавноста и реупотребливи на Википедија и други страници на Викимедија.

„Викимедија е посветена кон негување на отвореното образование за сите, неограничено од трошковните бариери“, рече Лила Третиков, извршен директор на Фондацијата Викимедија. „Движењето Викимедија има долгогодишна обврска кон праксите на отворен пристап. Денес, среќни сме да ја формализираме таа обврска со оваа политика.“

Во изминатата декада Википедија беше предмет на стотици академски студии на теми како прогнозирање на грип, влијанието на големите глобални јазици, како и географските дисбаланси на Википедија. Фондацијата Викимедија го овозможи ова истражување со обврската да ги направи отворени и пристапни податоците на Википедија.

Стипендијата за отворен пристап е централна во мисијата на Викимедија со цел да им овозможи на луѓето ширум светот да учествуваат во создавањето на знаење. Пристапот до овие отворени извори е клучен со цел да се осигури дека написите на Википедија се веродостојни, точни и го рефлектираат нашето разбирање на светот кое постојано еволуира. Паричните трошоци и рестрикциите во авторските права честопати ја спречуваат употребата на академско истражување во овој напор.

Новата политика на отворен пристап е изградена врз претходните напори предводени од Комитетот за истражување, членови на Вики проектот за отворен пристап, и тимот за давање грантови на фондацијата. Политиката ќе осигури дека сето истражување кое Фондацијата Викимедија го поддржува преку грантови, опрема или соработка за истражување, ќе биде достапно и реупотребливо. Истражувањето, податоците и развојот на кодови преку овие соработки ќе бидат достапни на места со отворен пристап и со слободна лиценца, со цел да се оствари мисијата на Фондацијата Викимедија за поддршка на бесплатно знаење. Политиката поставува водечки принципи со кои се уредуваат идните соработки помеѓу истражувачите и Фондацијата, а напишани се и често поставувани прашања со цел да се овозможат упатства и најдобри практики за применливоста на политиката.

Хедер Џозеф, извршниот директор на SPARC, меѓународна коалиција на истражувачки библиотеки за отворен пристап, за време на лансирањето на политиката рече: „Фондацијата Викимедија продолжува да води со пример во нивните напори да се демократизира пристапот до знаење. Со прифаќање на политика за отворен пристап со цел да се направат сите резултати од истражувањата кои тие ги поддржуваат, слободно достапни и целосно употребливи за јавноста, Фондацијата ќе помогне да се забрза стапката на откривање и иновација ширум светот“.

 

Извор: Блогот на Викимедија