На 02.12.2014, вторник, во просториите на ЕУ Инфо Центар во Скопје, со почеток во 11.00 часот, се одржa презентација на Препораките за работа со отворени образовни ресурси од страна на Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија.
На презентацијата, организирана од Метаморфозис и Алијансата за отворени образовни ресурси, на која присуствуваа над 50 присутни претставници од невладиниот сектор, приватниот и јавниот сектор, Зоран Јаневски од Економски институт – Скопје, ја претстави Алијансата за отворени образовни ресурси, а потоа Марина Василева од ООУ Св.Кирил и Методиј, Центар зборуваше за Бабини игри – едукативни игри наменети за сите. За креирање на е-пристапни ресурси зборуваше Олга Самарџиќ Јанкова од здружението Отворете ги прозорците, а потоа на крајот претставникот од Метаморфозис ги презентираше препораките за работа со отворени образовни ресурси донесени од Алијансата за ООР.
Целта на презентацијата беше да се запознаат присутните со состојбите со ООР во Македонија како и да се разгледаат можните чекори во иднина за подобрување на климата вклучување на ООР во образованието.