Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ – Скопје, ве поканува на серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014′, на ден 23.12.2014 год. (вторник), во конференциската сала на Музејот на македонската борба, со почеток во 19:00 часот.
Настанот е од промотивен карактер и се прави во соработка со Archaeological Institute of America (www.archaeological.org), a основната цел е популаризација на македонската археологија и културното наследство. Меѓународниот ден на археологијата е светски настан кој ја слави археологијата и ја подигнува свеста за неа како наука, во исто време обезбедувајќи можност за учество на јавноста во археолошките активности и дебати. Говорниците на овој настан ќе имаат свои презентации од по 15 мин. по што публиката ќе има можност да ги прашува и да дебатира на зададената тематика.
Предавањето е во организација на УНЕСКО клуб ХАЕМУС под мотото на УНЕСКО „Отворени образовни ресурси“ (ООР). Настанот е подржан од Алијанса за ООР на Република Македонија (www.oer.mk).
Ги замолуваме сите медиуми кои сакаат да бидат дел од овој настан, да го најават однапред своето присуство на contact@haemus.org.mk
Влезници: Настанот е од некомерцијален карактер. За да се присуствува на предавањето потребно е претходно да се подигне влезница, поради орграничениот број на места за седење. Бесплатните влезници се подигнуваат во Музејот на македонската борба – Скопје, секој работен ден помеѓу 09-16:30 часот. Една персона може најмногу да подигне две влезници.
Официјален веб сајт на настанот: www.archaeologyday.org
Говорници на настанот:
1. М-р Марина Спирова (ХАЕМУС, Скопје)
Пејсажот, изведбата и ритуалните активности во енеолитското светилиште Св. Атанас (с. Спанчево)
2. М-р Биљана Гаревска (НУ Природонаучен музеј, Скопје)
Палеонтологијата во служба на археологијата
3. Валентина Тодороска (ХАЕМУС, Скопје)
Подводното културното наследство на Република Македонија
4. Перо Синадиновски (независен археолог, Делчево)
Рекогносцирање на праисториски локалитети во Раечката клисура
5. М-р Василка Димитровска (ХАЕМУС, Скопје)
Цоцев Камен – пример кога карпите и камењата од нашето минато стануваат наука
Пауза од 15 мин. за освежување
За време на паузата ќе биде презентиран документарен филм за Средновековниот период на Скопското Кале од New Moment New Ideas Company
6. М-р Мимица Велова-Граорковска (независен антрополог, Скопје)
Еден случај на насилна кранијална траума на скелет од Источната некропола на Скупи
7. Д-р Донка Барџиева-Трајковска (ЦКН, Скопје)
Некои нови аспекти од иконографијата на Свети Јован Крстител во црквата Никола во Љуботен
8. Д-р Лидија Ковачева (Евробалкан, Скопје)
Форми на фаталистички верувања кај Aнтичките Македонци
9. Д-р Никос Чаусидис (УКИМ, Скопје)
„Македонските бронзи“ и религијата на железнодобните култури од Средниот Балкан