ЕИФЛ го поддржува повикот да се повлечат новите примероци на лиценци за анализа на текст и податоци од дела и материјали што се заштитени со авторски права, а се користат со претплата

ЕИФЛ се придружи на отвореното писмо од глобалната коалиција за пристап до истражување, научни и образовни организации, библиотеки, основачи и издавачи, кои ја повикуваат Меѓународната асоцијација на научни, технички и медицински издавачи да ги повлечат нивните примероци на лиценци за истражувачки написи кои беа објавени неодамна. 

Како што се тековно формулирани, примероците на лиценци ќе направат да биде тешко или невозможно да се комбинираат овие резултати од истражувања со други јавни ресурси. Тие ќе ја направат истражувачката литература легално некомпатибилна со стотици милиони слики на Фликр, видеа на Јутјуб, написи на Википедија и ширум целиот свет кои се објавени под лиценцата Криејтив комонс.

ЕИФЛ заедно со повеќе од 60 потписници на писмото, веруваат дека конфузијата и неконзистентноста не се во долгорочните интереси на науката или било кој засегнат. Од овие причини, се повикува Асоцијацијата да ги повлече лиценците и да се посвети на работа во рамките на Криејтив комонс.

„Ајде сите да работиме заедно кон свет каде целосното човечко знаење, и она во рамките на академиското и она надвор, е пристапно, корисно, реупотребливо и интероперабилно. Ајде да работиме во легалната рамка која веќе е глобално усвоена како база за градење на остатокот од алатките кои ни се потребни за да го направиме ова реалност.“ 

Прочитајте го отвореното писмо.