Учество во масовни онлајн отворени курсеви (МООК) и освојување на 100.000 долари. Звучи како добитна ситуација за повеќето од нас. И технички е точно… доколку сте во добротворно расположение.
Во октомври, МООК на Универзитетот Станфорд внесуваат иновации во образованието. Како дел од курсот на Лаура Арилага-Андресен, студентите ќе оценуваат неколку непрофитни организации, идентификувајќи ги оние кои се вредни за финансирање од 100.000 долари од Фондацијата Учење преку дарување. Оттаму, студентите ќе гласаат за непрофитните организации кои ќе ги добијат грантовите.
Тоа не се единствените случувања во октомври, што се чини дека е најпопуларно време за лансирање на МООК. Овој месец ќе најдете повеќе од 40 бизнис курсеви од некои од најдобрите универзитети во светот – бесплатно!
На пример, Џорџ Сидел, познат по неговите предавања за преговарање ширум светот, го прави неговиот курс „Успешно преговарање“ од Универзитетот во Мичиген, достапен за студентите од целиот свет.
Доколку пак сте заинтересирани за светот на Версаче, Гучи и Шанел, погледнете го курсот „Менаџирање на модата и луксузните добра“ од Универзитетот Бокони, подучуван од професори кои се автори, коавтори и уредници на 18 книги на темите. Не го заборавајте „Подобар водач, подобар живот“ на Вартон, подучуван од легендарниот Стјуарт Д. Фридман, рангиран меѓу највлијателните мислители на денешницата.
Понатаму, многу МООК повторно се достапни. Гаутам Каул е повторно достапен со неговиот трет дел од ултрапопуларниот курс „Вовед во финансии“. Истото важи и за Мајкл Ленокс од Дарден чии „Основи на бизнис стратегија“ привлече повеќе од 160.000 студенти првите два пати кога беше достапен. Повеќе од сигурно е дека интересот ќе расте за курсевите „Теорија на игра“ и „Моделно размислување“ на Универзитетот Станфорд и Универзитетот Мичиген.
А тоа се само МООК кои почнуваат пред 11 октомври. Подоцна во месецот, студентите ќе може да избираат од теми како маркетинг, рекламирање, претприемништво од институции како Вартон, Харвард, Нортвестерн, Дарден и Дјук.
Еве некои од МООК кои се достапни на почетокот на октомври:
- Успешно преговарање / 6 октомври / Универзитетот во Мичиген
- Менаџирање на мода и луксузни компании / 3 октомври / Универзитетот Бокони
- Giving 2.0 / 6 октомври / Универзитетот Станфорд
- Beyond Silicon Valley: Растечко претприемништво во економии во транзиција / 3 октомври / Универзитетот Case Western Reserve
- Подобар водач, побогат живот / 5 октомври / Вартон
- Вовед во финансии / 6 октомври / Универзитетот во Мичиген
- Јасност на авторски права / 6 октомври / Универзитетот на островот Род
- Основи на бизнис стратегија / 6 октомври / Универзитетот во Вирџинија
- Разбирање на медиумите преку разбирање на Гугл / 6 октомври / Универзитетот Нортвестерн
- Која е твојата голема идеја? / 6 октомври / Универзитетот во Северна Каролина
- Теорија на игра / 5 октомври / Универзитетот Станфорд и Универзитетот на Британска Колумбија
- Mоделно размислување / 6 октомври / Универзитетот во Мичиген
- Бихевиорална економија во акција / 6 октомври / Универзитетот во Торонто
- Глобализациски победници и губитници: Предизвици за развиени земји и земји во развој / 7 октомври / Универзитетот Џорџтаун
- Вовед во квалитет на одлуки/ 9 октомври /Група за стратешки одлуки
- Моќта на макроекономија: Економски принципи во реалниот свет / 6 октомври / Универзитетот во Калифорнија – Ирвин
- Моќта на микроекономија: Економски принципи во реалниот свет / 6 октомври / Универзитетот во Калифорнија – Ирвин
- Други курсеви на почетокот на октомври
Извор: Бизнис инсајдер