(Си-Ен-Ен) — Студентката Каитлин Рајен работи на две работни места за да се издржува и да плати школарина на Колеџот на Јужна Флорида. Кога започнува нов семестар, тоа вообичаено значи избор кои учебници да ги купи или воопшто да не купи, вели таа.
22 годишната студентка зема оддишка овој семестар кога откри дека нејзините материјали за курсот по физика се бесплатни. Наместо да побара од студентите да купат учебник од голема издавачка компанија, професорот на Рајен препорача бесплатен дигитален учебник кој тој го прилагоди за часот.
Професорот на Рајен, Ерик Кристенсен, почна да го истражува форматот во 2007 година, кога еден студент го замолил да позајми учебник бидејќи не можел да си дозволи да го купи. Додека барал прифатливи алтернативи, Кристенсен наишол на концептот за учебници со отворен код, или материјали за предмети понудени бесплатно онлајн од страна на нивните автори со нерестриктивна лиценца.
Оваа година, ова ја спаси Рајен од одлуката кои книги да ги купи и и овозможи да потроши 230 долари на материјалите за курсот по биологија, вели таа. Ова и олеснува и други аспекти од животот исто така: Таа може да го чита нејзиниот учебник по физика на нејзиниот смартфон пред почетокот на нејзината смена во кафулето или помеѓу часови.
„Мислам дека е одлично. Го користам секогаш кога ќе најдам време за учење“, вели таа. „Помага во оние моменти кога имате малку повеќе време на место каде вообичаено не носите дебел учебник“.
Отворените учебници стекнуваат популарност меѓу едукаторите и институциите кои се трудат да заштедат пари. Студија во 2014 година од страна на Групата за истражување на јавниот интерес на студентите, откри дека трошоците за учебници ги одвраќаат студентите од купување на препорачаните материјали и влијаат на нивниот избор на курсот – а училиштата почнуваат да забележуваат.
„Степенот на недостапност е дојден до точка каде му штети на учењето“, вели Давид Вајли, коосновач на Лумен учење, кој им помага на училиштата да прифатат отворени образовни ресурси.
Зошто отворените учебници не се толку вообичаени? Многу едукатори велат дека се задоволни со комерцијалните учебници и не сакаат да ја менуваат содржината на нивниот предмет за нов учебник – задача која одзема време.
Други пак сметаат дека отворените учебници не се соочуваат со истата академска или уредничка скрутина како комерцијалните текстови, што е точно со некои верзии. Непрофитната организација Отворени учебници за колеџ, која промовира свест и прифаќање на отворените учебници, во извештај во 2012 година рече дека „уредувањето на копиите“ е проблем со многу отворени учебници, забележувајќи дека „доколку тие би го имале истиот уредувачки квалитет како комерцијалните учебници, тие побрзо би се размножувале“.
Тоа го покренува прашањето што е подобро за студентите: несовршен учебник или никаков учебник?
Најголемата група на поддржувачи на онлајн образованието се општинските колеџи, каде проценетиот просечен трошок е 1200 долари потрошени на еден семестар за книги, а залихите претставуваат голем дел од севкупните трошоци за образование на студентите, велат експертите.
Со подобрувањето на квалитетот на ресурсите и нивното полесно прифаќање овозможено од технологијата, поголемите државни училишта и приватни институции ги прифаќаат.
Создавање на учебник кој живее
Родени од движењето за отворен код кое стекна популарност во 1990тите, првата декада на отворени учебници беше фокусирана на создавање на содржина и нејзино поставување онлајн под лиценцата Криејтив Комонс, што значеше дека секој може да има пристап. Платформи како OpenCourseWare на МИТ Универзитетот, калифорнискиот систем MERLOT, Flat World Knowledge и Connexions на Универзитетот Рајс, се појавија и понудија наставни содржини и предметни материјали создадени од факултетите. Со слободна лиценца, секој може да го преземе материјалот и да го прилагоди според своите потреби.
Сега кога материјалите се објавени, фокусот се префрли кон охрабрување на училиштата да го прифатат тоа, вели Вајли. Неговата компанија, Лумен учење, му помогна на Општинскиот колеџ Тајдватер во Вирџинија да развие пилот програма „без учебници“ за нивната програма по бизнис администрација, која беше лансирана во септември.
Некои учители создаваат сопствени учебници од почеток базирани на постоечки онлајн образовни ресурси, написи и видеа достапни на интернет. Но, најчесто употребувани отворени учебници се оние развиени од организации кои функционираат како дигитални издавачи, како што се OpenStax, непрофитна организација која произлезе од Connexions во 2012 годин; се користи од страна на наставници во 500 институции, вклучитечно на општинскиот колеџ во Јужна Флорида.
OpenStax е финансиран од грантови, што дозволува да нуди дигитални книги кои студентите може да ги преземаат и печатат бесплатно. Тие исто така нудат можност за барање на печатена копија, за која цената варира од 30 до 50 долари зависно од курсот, или iBooks верзија за 4.99 долари.
„Создадовме книга која може да биде постојано ажурирана со поправени грешки и нови настани од светот“, вели Ричард Бараниук, креатор на OpenStax. „Колку пати треба да напишеме повторно едно поглавје за модерниот Египет? Таа ситуација се менува речиси секој ден, така што овој сон за приближување кон книга која е навистина жив учебник е речиси остварлив“.
Учебниците може да бидат пофлексибилни отколку обврзувачките учебници кои студентите ги носат наоколу. Кристенсен, наставник по физика на Општинскиот колеџ во Јужна Флорида, вели дека тој го модифицирал учебникот OpenStax кој го користи на неговите часови за да додаде повеќе калкулус и да вклучи локација и имиња на градови попознати за неговите студенти од Централна Флорида. Тој исто така може да ги поправа печатните грешки на лице место наместо да чека издавачот да испечати ново издание.
„Сакав да го проширам пристапот до курсот, а достапноста е дел од тоа“ вели Кристенсен. „Но, исто така сакам да бидам сигурен дека тоа е квалитетен производ.“
Други платформи како што е компанијата Boundless, базирана во Бостон, исто така нуди прилагодливи, учебници за почетно ниво за повеќе од 20 предмети. Кога Boundless беше лансирана во 2010, студентите беа најголемата група која ја прифати, рече извршниот директор Ариел Диаз. Наставниците го следеа трендот, присвојувајќи ги книгите на Boundless како материјали за предметите. Сега компанијата нуди премиум пакети за студентите за 19.99 долари кои вклучуваат, картички за учење, слајдови за изработка на презентации, домашни задачи и алатки за менаџирање на часовите.
Традиционалните издавачки куќи за учебници ги бранат своите производи и цени, велејќи дека нудат непаралелни нивоа на академски и уреднички прегледи. Исто така тие преземаа чекори за намалување на цените во тековните години нудејќи изнајмување или програми за враќање, заедно со достапни дигитални верзии.
Но, застапниците на отворените учебници велат дека тие нудат рецензирани материјали од заедницата на ниво на традиционалните учебници. Освен тоа, познато е дека и кај традиционалните учебници се случувало да содржат грешки, вели C. Edward Watson, директор на Центарот за предавање и учење на Универзитетот во Џорџија. За прв пат оваа година универзитетот воведе OpenStax учебник по биологија како дел од иницијативата за онлајн образовни ресурси. Тоа им заштеди повеќе од 100 долари на повеќе од 2.000 студенти.
„Нашиот факултет смета дека несовршениот бесплатен учебник е подобар од несовршениот скап учебник“, вели Ватсон. Постојат многу работи без кои студентите не можат – школарина, рати, кирија – па, студентите избираат да не купат книги, а тоа им се одразува долгорочно“.
Повеќето училишта се далеку од елиминирање на печатените книги на кампусот, но во воведните курсеви се зголемува користењето на отворени учебници.
Целосната статија е достапна на Си-Ен-Ен.