(Белата куќа, 24 септември, 2014) Отвореното владино партнерство (ОВП) започна пред три години со обврзувањето на осум земји дека ќе бидат потранспарентни и ќе се борат против корупција заедно со граѓанското општество. Денес, ОВП порасна во партнерство кое вклучува 64 нации и стотици граѓански организации, кои заедно донесоа повеќе од 2.000 решенија за унапредување на отворената влада за повеќе од 2 милијарди луѓе ширум светот.
Со цел да се одбележи третата годишнина на ОВП, претседателот Обама на средба со шефовите на државите од другите држави учесници ги прославија овие чекори за подобрување на способноста на граѓаните да се вклучат во работата на нивните влади и подобро искористување на моќта на транспарентноста за да се поттикне раст:
- Владите во Мексико и Бугарија поставуваат повеќе и поквалитетни информации онлајн, овозможувајќи им на граѓаните да ги повикаат на одговорност за начинот на кој ги трошат парите на даночните обврзници.
- Граѓанските организации во Бразил, Парагвај, Ирска и Сиера Леоне работат со владините реформатори за да изготват и реформираат закони за слобода на информации кои владите ги донесуваат.
- Во Индонезија, Албанија и Македонија развиваат нови алатки за известување за корупција и промоција на транспарентноста.
- Владините лидери во Мексико, Грузија и Гана остваруваат нови системи за да осигураат учество на граѓанското општество во процесот на донесување на државни политики.
- Перу лансираше пакет на мерки против корупција кои резултираа со 212 осуди за јавни службеници во 2013 година.
Во САД, се зголемуваат напорите за отворање на владините податоци за да се поттикне претприемништво и економски раст, модернизирање на Законот за слобода на информации со инпут од експерти.
Акциониот план за отворена влада е документ кој напредува и е жив – претседателот Обама најави дека како надополнување на обврската на САД наведена во тековниот Национален акционен план, САД ќе направи дополнителни чекори за владата да биде поотворена, транспарентна и пристапна за сите Американци. Ова ќе се постигне преку:
- Подобрување на транспарентноста при владиното трошење, правејќи поразбирливо како и каде владата троши и инвестира;
- Проширување на напорите да се изградат подобри владини дигитални услуги, вклучително правејќи ги отворени;
- Уверување дека ќе се заштити личната приватност додека се искористува моќта на важни податоци во насока на подобрување на здравствениот систем, борба против дискриминација и поддршка при спроведување на законот;
- Промовирање на отворени образовни ресурси, да се помогне на наставниците и учениците насекаде.
САД остануваат глобален лидер за отворена влада, но се уште треба да се напредува како во САД така и ширум светот. Сите земји членки на ОВП мора да се соочат со предизвикот на корупцијата и да се осигураат дека владите, финансиските институции и правните системи се транспарентни и работат ефикасно за да се спречи корупција и перење на пари, како и да се изнесат сторителите пред правдата.
Целосниот текст е достапен на: http://www.whitehouse.gov/blog/2014/09/24/celebrating-open-government-around-globe