Иноватор разви инфраструктура која овозможува развој на списанијата со отворен пристап

Џон Вилински гледа на слободната размена на информации како прашање на социјална правдина.

Кога тој препознал дека високиот трошок на списанијата и оневозможува на јавноста пристап до значајни истражувања, Вилински направи нешто повеќе отколку само да разговара за проблемот. Тој изнајде решение кое помогна активно да се трансформира научниот свет на комуникација.

Во доцните 90ти, Вилински го основаше проектот „Јавно знаење“ и развиваше Системи за отворени списанија, бесплатна платформа со отворен код која овозможува списанијата да бидат полесно и подостапно објавувани онлајн. Резултатите зборуваат сами за себе – денес, повеќе од 1.5 милиони написи се објавени во списанијата користејќи ја платформата за отворени списанија. Само во 2012 година, повеќе од 5000 списанија објавија најмалку 10 написи користејќи го софтверот кој го создадоа Вилински и неговиот тим.

Бидејќи Вилински е и визинер и прагматичар кој спојува ефиласни бизнис тимови, Коалицијата за научно објавување и академски ресурси (SPARC) му ја доделува Јануарската награда за иноватори 2014.

„Џон ги разбра придобивките на отворениот пристап многу порано од останатите луѓе и можеше да изгради инфраструктура која е апсолутна клучна за успехот при унапредувањето на објавувањето на списанијата со отворен пристап“, вели Хедер Џозеф, извршен директор на SPARC. „Со гордос оддаваме почит на неговиот богат придонес во менувањето на лицето на научната комуникација и го именуваме за SPARC иноватор.“

Вилински во моментот е професор на Универзитетот Стенфорд. Вилински постојано патува за да го промовира отворениот пристап и да им помогне на списанијата, особено во земјите во развој, да преминат на онлајн објавување за да заштедат пари. Неговата цел беше да создаде издржлива алтернатива и да им овозможи на луѓето да го прошират опсегот на нивната работа.

„Тоа ми се чини толку основно, во контекст на човековите права“, вели Вилински за пристапот до знаење. „Но, исто така, со текот на годините научив и верувам дека вистинската вредност на учењето произлегува од споделувањето на она што сте го научиле“.

Профилот на Јануарскиот иноватор на SPARC 2014 е достапен онлајн: http://www.sparc.arl.org/initiatives/innovator.

Програмата за иноватори на SPARC го препознава напредокот во научната комуникација предизвикан од поединец, институција или група. За повеќе информации или список на претходни иноватори на SPARC посетете го нивниот веб-сајт.