Отвореното знаење промовира брза, креативна иновација во сите сектори

Knowledge Exchange изготви документ за дискусија со кој се истражува богатото поле на отворено знаење со цел ефикасно остварување на целите.

Отвореното знаење претставува моќ за промовирање на брза, креативна иновација преку дозволување идејата да излезе од вашите раце. Во основа, нешто е отворено, доколку секој може слободно да го користи, реупотреби и повторно дистрибуира. Тоа треба единствено да биде предмет на ограничување во поглед на барањето да се наведе авторот.

Досега, опсежните сесии се одвиваа со експерти кои открија силни гледишта за вредноста на создавање отворено знаење и чекорите кои треба да бидат превземени. Овие гледишта се собрани во документот за дискусија на отворено знаење од Knowledge Exchange.

Механизмите на отворено создавање нудат можности за работа и размена со други сектори – истражување, културно наследство и владата. За да се постигне правилно ползување на оваа соработка потребно ни е зголемување на отвореноста, за да се создаваат подобри предлози и решенија. Едноставно не можеме да си дозволиме да не се отвориме, ни треба отворен пристап за да излеземе пред предизвикот со кој се соочуваме.

Иако може лесно да бидеме убедени за предностите на отвореноста, практиката е поинаква. Луѓето се уште го задржуваат знаењето за себе или сакаат да заработат од него. Тековното компетитивно окружување ги охрабрува истражувачите и вработените да бараат заштита против кражба на нивните идеи, што го прават заклучувајќи ја работата со патенти и права на интелектуална сопственост.

Експертите се согласија дека не треба само да правиме планови или да поминуваме време убедувајќи се дека отвореното е добро. Излезете и покажете им нови нешта на другите – убедете ги дека постои друг начин.

Документот завршува со предлози за дејства при објавување или финансирање содржина, и е достапен за преземање онлајн.