За време на Меѓународниот фестивал за млади „Џифони Македонија“ кој се одржа во периодот 18 – 22 октомври во Скопје, фондацијата Метаморфозис одржа 5 работилници на кои присуствуваа 80 деца.
На 19, 20 и 21 октомври се одржаа 3 работилници за реупотреба на електронски отпад, каде 40 деца употребувајќи стари CD-ња и пластични капачиња изработија шарени вртимушки и украси.
На 21 и 22 октомври, 40 деца учествуваа на две едукативни ликовни работилници. За време на овие работилници, тие влечеа пораки со интересни едукативни факти, а потоа ги илустрираа со цртежи користејќи темперни бои и фломастери.
Готовите производи од овие работилници беа изложени на изложбата по повод затворањето на фестивалот, а цртежите ќе бидат достапни и на www.oer.mk во дигитална форма.